Средниот Андамански Остров е остров кој му припаѓа на Андаманскиот Архипелаг. Тој ѝ припаѓа на административната област на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од Сојузните територии на Андаманските и Никобарските Острови на Индија.

Географија Островот му припаѓа на ланецот на острови на Големите Андамани и е сместен 73 километри северно од Порт Блер. Тој е централен остров на Големиот Андамански Архипелаг на Индија, а има вкупна територија од 1536 км2. Одделен е од Северниот Андамански Остров со морскиот теснец Аустен, од островот Баратанг на југ е одвоен со Хомфрејскиот Теснец, а двата теснеци се плитки и широки само неколку стотина метри, додека на запад е одвоен од Интервју Островот со Интервју Преминот наречен по истоимениот остров.

Овој остров бил погоден од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година, но катастрофата била значително помала во споредба со околните острови.

Администрација Овој остров административно ѝ припаѓа на Мајабундер и Рангат областа.

Демографија Населението на островот главно го сочинуваат бенгалски, тамилски и кералитски доселеници. Домородното население го сочинуваат бројни припадници на племето Џарава. Главно занимање на населението е земјоделство и сточарство.

Главен град е Рангат, со 10.000 жители, а други поголеми градови се Мајабундер (5556 жители), Бакултала (4454 жители), Бинбутала (3063 жители) и Кадамтала (3008 жители).

Според пописот во Индија од 2011 година, островот е населен со 55.632 жители, од кои писмени се околу 76% од населението. +Демографија (Попис од 2011 г.)ВкупноМажиЖениНаселение556322876726865Деца под 6 години206510391026Касти000Племиња333Писмени422942294619348Работници (сите)220Главни работници (вкупно)220

Туризам Островот има убави водопади и прекрасни плажи. Посетителите можат да уживаат во кампување, пешачење, нуркање и други возбудливи водени спортови.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Геолошко истражување на Индија

Категорија:Андамани и Никобари Категорија:Архипелази во Индискиот Океан