Бранко Прља, познат и под псевдонимите Берт Стајн и Исак Сима (Branko Prlja; ) — македонски писател, новинар и графички дизајнер, основач на првиот литературен електронски конкурс во Македонија „Електролит“ и основач на креативниот колектив „Капка“ https://okno.mk/node/15899, на порталот „Арно.мк“ (заедно со Владимир Карер), како и на првиот агрегатор на вести од науката во Македонија „Science.mk“. Во македонската книжевност има воведено неколку жанрови, како: измислени вести, образовна проза и дистопија. Пишува и под псевдонимот Берт Стајн и се занимава со графички дизајн. Активно работи на полето на реупотреба и екологија на социјалните медиуми со групите како Дај, не фрлајhttps://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/ и „Кеса, не благодарам. Торба си носам“.

Животопис Бранко Прља е роден во Сараево во 1977 година, а од 1990 година живее и работи во Скопје. Завршил во гимназијата „Јосип Броз Тито,“ во Скопје и дипломирал на факултетот за „Арт и дизајн“ на ЕУРМ, отсек Графички дизајн во Скопје. Неговата прва книга „За секого по нешто, за некого ништо“ https://okno.mk/node/2645 била објавена во година, а оттогаш активно објавува во различни прозни жанрови.

Во 2005 година го основал креативниот колектив КАПКА (Креативен активизам преку пародија, критика и алегорија) и се здружува со повеќе уметници, како Владимир Лукаш, Олгица Димитровска, Владимир Димчев, Никола Пчински, Александра Кардалевска, Нада Прља и други. Заедно имаат организирано изложби, работилници и перформанси https://okno.mk/node/15907, а под името Капка, има издадено повеќе изданија, меѓу кои и весниците со измислени вести „Вести во земјата на чудата“ .

Во 2006 година го создал првиот електронски конкурс за литература во Македонија, кој под покровителство на Темплум и Никола Гелевски конкурсот се одвивал две години, при што расказите на наградените автори биле собрани во две годишни книги. На овој конкурс се јавиле повеќе автори кои подоцна во следните десетина години се афирмирале на македонската книжевна сцена и освоиле повеќе награди.https://okno.mk/node/75264

Во следните години објавува повеќе книги од областа на кусата проза, сатиричната проза, образовната и научно-популарната проза, како и дела за деца и млади. Во овој период ги објавува серијата „Досие“, книгите „Атом и Ева“ и „Азбука за нефизичари“, како и дел од книгите создадени во соработка со Нина Прља.„Бранко Прља“, Лектира.мк, 27 февруари 2018.

Двапати бил финалист за наградата „Роман на годината“, на Утрински весник: за 2015 година со делото „3 минути и 53 секунди“ објавено под псевдонимот Берт Стајн и на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2017 со делото „Апокалипса.мк“„2017 година“, Фондација „Славко Јаневски“..

Од 2017 до 2019 година ги објавува дистописките романи „Реплика.мк“ и „Воскресение.мк“. Покрај прозата, објавува и научно-популарни и поп-културни изданија, меѓу кои книги посветени на Алберт Ајнштајн, Никола Тесла, Исак Њутн, Стивен Хокинг, Курт Кобејн и други личности од науката и популарната култура.

Од 2020-тите, дел од неговата работа е поврзана со екологија, дигитални медиуми, архивистика, графити и урбана култура. Во овој период, во соработка со Владимир Карер, ги објавува книгите „25 факти за аерозагадувањето и начини како можеш да го намалиш“ и „Дај, не фрлај – од Фејсбук група до еко-револуција!“. Во 2022 година ја објавил книгата „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“, во која се користени илустрации направени со помош на алатката Stable Diffusion. Во медиумски извори книгата е претставена како прва македонска книга со илустрации направени со вештачка интелигенција.„Бранко Прља објави прва книга со илустрации направени со помош на вештачка интелигенција“, Окно, 2 ноември 2022. Во 2024 година бил уредник на „ГРРФТ“, македонски магазин/фанзин за графити,„ГРРФТ“, нов македонски магазин/фанзин за графити, Трн.мк, 17 април 2024. а во 2025 година ја објавува книгата „Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици“.„Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици“, COBISS.

Како графички дизајнер има искуство од 2003 година, при што дизајнирал повеќе стотици книги, а има работено за повеќе издавачки куќи, адвертајзинг агенции, како и самостојно.

Творештво Бранко Прља е автор на повеќе дела во различни жанрови, меѓу кои кратка проза, сатирична проза, измислени вести, образовна и научно-популарна проза, дистописки романи, книги за деца и млади, поп-културни изданија и книги поврзани со урбана култура. Покрај своето име, пишува и под псевдонимите Берт Стајн и Исак Сима. Делата ги дели во повеќе циклуси, а најчесто станува збор за трилогии заокружени со една збирка или со дополнително четврто дело. Извадоци од делата може да се прочитаат на мрежното место Капка и на порталот и Арно.мк.

Многу куси раскази За секого по нешто, за некого ништо (2003) Приказни обични за луѓе необични (2012) Чадор без рака да го држи (2013) Како да држиш чадор без рака (2016)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 241-244.

Образовна проза Досие: Планета Икс (2009) Досие: Ѕвезда Немезис (2011) Досие: Универз Ум (2012) Атом и Ева (2012) Азбука за нефизичари (2013)

Измислени вести Вести во земјата на чудата (2005) Парите се отепувачка (2006) Вести од подрумот на баба ми (2007) Вест од Несвест (2010)

Соработка со Нина Прља Азбука на игранка (2014) Букви, во збор! (2015) Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка (2015) Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021)

Под псевдоним Берт Стајн 3 минути и 53 секунди (2015, како Берт Стајн) 1 час и 30 минути (2016, Берт Стајн) „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021) 3 минути и 53 секунди – графичка новела (2023) Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици (2025) Градот под бојата: графити приказни и урбана археологија (2026)

Фактопедии Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017) Необични факти од животот на Никола Тесла (2017) Јаболкото на Њутн (2018) Made In China (2019) Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019) 25 факти за аерозагадувањето и начини како можеш да го намалиш (2020) Бунтовнички со причина: жени од историјата на Македонија кои се бореле за прав(д)ата! (2024) Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери… (2022)

Дистописки романи Апокалипса.мк (2017) Реплика.мк (2018) Воскресение.мк (2019)

Урбана култура и графити ГРРФТ: графити магазин #1 (2024, уредник) Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици“ (2025) Градот под бојата: графити приказни и урбана археологија (2026) Гррфт: графити магазин #2 (2025, уредник)

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски графички дизајнери Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Луѓе од Сараево Категорија:Членови на ДПМ