Свети Димитриј (службен назив Свети Великомаченик Димитриј) — црква, поточно параклис, во селото Вевчани.
Црквата се посетува на 8 ноември (на Митровден), кога се извршува богослужба, а посетителите носат ветени подароци и палат свеќи.
Местоположба
Црквата е сместена во северниот дел на Вевчани, во месноста Падарница. Вкупната површина на црковниот двор изнесува 340 м2. Се наоѓа во близина, односно источно од селските гробишта на Вевчани.
Историја
Не е познато кога била подигната црквата. Истата била обновена во 1980-тите години.
Архитектура Фрескоживопис
Фреските се изработени од Соломон Тасовски од Битола во 1914 г.
Галерија
Поврзано Струшко архијерејско намесништво Вевчанска парохија Вевчани
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вевчани Вевчани Категорија:Дела на Дебарската школа