десно|мини|284x284px|Онетахи Тетиароа е атол во Приветрените Острови, група на Друштвените Острови во Француска Полинезија, прекуморска територијална заедница на Франција во Тихиот Океан. Островот е познат по тоа што е сопственост на глумецот Марлон Брандо. Така внатрешноста, иако припаѓа формално на Француска Полинезија, не е достапна на јавноста. Крајбрежниот дел е достапен. Атолот поседува приватна авионска писта, опслужувана од компанијата Ер Тетиароа.
Географија Тетиароа административно припаѓа на комуната (општината) Аруе, чиј главен дел е во североисточниот дел на Тахити.мини|300x300px|Тетиароа|алт=Атолот се наоѓа 53 километри јужно од Тахити, има вкупна површина од 6 км2, околу 585 хектари песочна површина поделена на 12 мотуси (островчиња) со различна површина. Лагуната е околу 7 километри широка и 30 метри длабока. Атолот нема отворен гребен така што пристапот со брод речиси е невозможен.
Островчињата (или мотусите), во насока на стрелките на часовникот, почнувајќи од југозападниот агол, ги вклучуваат:
Онетахи (местото каде што денес се наоѓа ресортот Одморалиште на Брандо) Хонуеа Тиаруану Моту Таувини (Тауини) Моту Ахуреа (Ауроа) Хиранае Хороатера (Ороатера) Моту Ае Тахуна Ити Тахуна Рахи Реионо Моту Оне (нов песочен брег) Римату (со орнитолошки резерват)
Сопственост и историја Атолот на Тетиароа бил посебно место за тахитските поглавари, место да се забавуваат со песни, танци, риболов, и гозби. Тоа било, исто така, посебно место за ариорите да ги практикуваат своите обичаи на хапорија кои вклучувале јадење за добивање на тежина и седење настрана од сонцето заради избелување на кожата. Дебелината и бледиот лик било знак на "благосостојба и просперитет" за ариорите и поглаварите. Тетиароа бил под контрола на поглаварите на Паре-Аруе, а подоцна, на членовите на Династијата Помаре.
Во 1789, Вилијам Блај бил првиот европски посетител на атолот додека трагал по бунтовниците пред поаѓањето на ХМС Баунти кој на крајот доживеал целосен бунт.
Истражувачката Експедиција на САД го посетила островот на 10 септември 1839 година.
Во 1904 година, кралското семејство го дала Тетиароа на Џонстон Волтер Вилијамс, единствениот стоматолог на Тахити. Вилијамс подоцна станал конзул на Велика Британија од 1916 до 1935 година.The Tahiti Traveler Вилијамс го претворил Тетиароа во негово живеалиште и плантажа за копар.
Во 1960 година, Марлон Брандо го „открил" Тетиароа додека се барале локациите за снимањето на филмот Бунтот на бродот Баунти, кој бил снимен на Тахити и на соседниот остров Моореја. По завршување на снимањето Брандо ангажирал некој локален рибар да го однесе на Тетиароа. Тој раскажувал за впечатоците од островот во неговата Автобиографија од 1994 Песните што ги научив од мајка ми (англиски: Songs My Mother Taught Me.)
Брандо на крајот ги купил островчињата на Тетиароа од г-ѓа Дуран, наследничка на Вилијамс. Тој морал да ги надмине политичките пречки и локалниот отпор за да го купи атолот кој сега е во сопственост на Француска Полинезија. Многу важни археолошки наоѓалишта се најдени, идентификувани и проучувани на Тетиароа. Токму затоа, Тетиароа има историското значење за народот и владата на Француска Полинезија.НАСА Земјата Опсерваторија
Сакајќи да живее на атолот, Брандо изградил мало село на Моту Онетахи во 1970 година. Тоа имало приватна писта, 12 едноставни бунгалови, кујнска колиба, сала за јадење и бар, сето изградено од локални материјали - кокосови палми, сламени покриви, па дури и големи морски школки за лавабоата. Селото станало место за пријателите, семејството и научници кои ја проучувале екологијата и археологијата на атолот.
Со текот на годините, Брандо трошел онолку време колку што можел да постои и го користел за одмор по бурниот живот во Холивуд. Додека живеел на островот (до 1990) често бил посетуван од неговите деца, внуци и правнуци. По неговата смрт, синот на Брандо, Теихоту некое време живеел на островот.
На крајот селото станало скромен хотелНеволја во Рајот ", Матеј Хелер, Лос Анџелес Тајмс, на 23 октомври, 2005 управуван од страна на неговата тахитска сопруга, Тарита Териипаја, со која глумел заедно во филмот Бунтот на бродот Баунти. Хотелот работел повеќе од 25 години, дури и откако Брандо ја напуштил Француска Полинезија за да се врати во Лос Анџелес.
Во 2002 година, две години пред смртта на глумецот, Брандо потпишал нов тестамент без да остави инструкции за Тетиароа. По неговата смрт, во 2004 година, имотните извршители доделиле развојни права на една тахитска компанија која поседува хотели низ Француска Полинезија.
Иднината на Тетиароа Тахитската компанија почнала со изградба на Тетиароа во 2009 година. Првата фаза на изградба вклучила реконструкција и пренасочување на пистата, бидејќи оригиналната површина била запуштена, а не доволно долга за да ги задоволи денешните воздухопловни прописи. Покрај тоа, гребенски док бил изграден за да се овозможи пренос на материјали од океанот до лагуната. На Моту Онетахи сега постои луксузен, еко-хотел (Одморалиштето на Брандо), спа, истражувачка станица, опремено село и приватна писта.
Во февруари 2014 година, било соопштено дека изградбата на Одморалиштето на Брандо е завршена. Хотелот официјално бил отворен за јавноста во јули 2014 година.на Brando отворање во јули 2014 година Осум од 11 деца на Марлон Брандо се вклучени во проектот.На Brando, Forbes
Галерија
Наводи
Надворешни врски Брандовото Тахити Островот Тетиароа од НАСА Опсерваторија Одморалиште Брандо Тетиароа - мрежно место
Категорија:Друштвени Острови Категорија:Приветрени Острови Категорија:Острови во Тихиот Океан Категорија:Француска Полинезија