Тахаа (тахитски: Taha’a) е остров во западната група Заветрени Острови, дел од Друштвените Острови во Француска Полинезија, и прекуморска територија на Франција во Тихиот Океан. Островите Тахаа и соседниот Раиатеја во непосредниот јужен дел се затворени од страна на ист корален гребен и тие можеби некогаш биле еден ист остров. Тахаа брои 5.000 жители кои живеат на 90 км2 и достигнува максимална височина од 590 метри. Тој е познат и како "Ванила Остров" и произведува бисери од исклучителен квалитет.

Администрација Административно, Тахаа и околните островчиња кои произлегуваат од коралниот гребен се комуна (општината) и дел на административната субдивизија Заветрени Острови, на Француска Полинезија. Тахаа се состои од следниве поврзани комуни:

Фаааха Хаамене Хипу Ирипау Ниуа Руутиа Тапуаму Вајатоаре

Административниот центар на комуната Тахаа е населбата Патио.

Историја Во времето на посетата на Капетанот Кук во 1769 и 1773, островот бил под окупација на Бора Бора воините.

Производство Тахаа произведува 70-80% од ванилата на цела Француска Полинезија. Поради мирисот на ванила, Тахаа е познат и како "Ванила Остров". Тахаа освен ванила произведува и бисери со исклучителен квалитет.

Пристапност До Тахаа и нејзините мали островчиња може да се стигне со брод и чамец од Раиатеја. Чамците ги оставаат посетителите на островче со плажа со мала лагуна со поглед на Бора Бора. Овие делови на Друштвените Острови се најмалку модернизирани.

Тахитски правопис Тахаа на тахитски се пишува со користење на апостроф Taha’a (за да се истакне гласилната избувна согласка, како што се промовира од страна на Тахитската Академија и се прифаќа од страна на територијалната влада.Graphie и graphies de la langue tahitienne ) Овој апостроф сепак често се испушта. Во старите патнички записи, транскрипцијата Отаха понекогаш се користи.

Наводи

Надворешни врски

Туристички водич со информации и фотографии од островот Тахаа презентација на островот (видео)

Категорија:Друштвени Острови Категорија:Заветрени Острови Категорија:Острови во Тихиот Океан Категорија:Француска Полинезија