Аксино — хипотетичка елементарна честичка предвидена од некои теории на честичната физика. Печеи-Квиновата теоријата се обидува да ја објасни набљудуваната појава позната како силен CP-проблем преку воведување на хипотетичка реална скаларна честичка наречена аксион. Додавањето суперсиметрија на моделот го предвидува постоењето на фермионски суперпартнер за аксион, аксино и бозонски суперпартнер , саксион. Сите тие се измешани во хирално суперполе.

Аксиното се претпоставува дека е најлесната суперсиметрична честичка во таковиот модел. Делумно поради ова својство, се смета за кандидат за составот на темната материја.

Супермултитетот кој содржи аксион и аксино е предложен како поттикнувач на нарушувањето на суперсиметријата, каде што супермултиплетот добива очекувана вредност од F-членот.

Наводи

Категорија:Темна материја Категорија:Фермиони Категорија:Хипотетички елементарни честички Категорија:Никулци за честична физика Категорија:Суперсиметрија