мини|Олга Хил Медрано Олга Хил Медрано (родена година) е шпанска математичарка, кој била претседателка на Кралското шпанско математичко друштво од 2006 до 2009 година. Таа е професор по математика на Валенсијскиот универзитет, каде што е и про-ректор за меѓународни односи и соработка. Нејзините математички истражувања се однесуваат на диференцијалната геометрија и геометриската анализа; а од 2000 година, таа е заинтересирана за дисеминација на математиката кон пошироката јавност.
Образование и кариера Хил е родена во Бургос во 1956 година.
Како додипломски студент на Универзитетот во Валенсија, Хил била советувана да студира инженерство, но таа го игнорирала советот, претпочитајќи ја математиката и физиката. Докторирала на Валенсијскиот универзитет во 1982 година, со дисертација за Одредени геометриски и тополошки својства на некои класи на речиси-производи тополошки простори, под надзор на Антонио Мартинес Навеира. Потоа студирала за докторат, на постдипломските студии во Франција, на Пјер и Мари Кири универзитетот, кои ги завршила во 1985 година. Нејзината втора дисертација, Sur le Problème de Yamabe concernat les variétés localement conformement plates, била под надзор на Тиери Обин.
По завршувањето на нејзиниот втор докторат, таа се вратила во Валенсија, како член на факултетот. Таа била член на управниот одбор на Валенсијскиот универзитет од 2000 година. Кога станала претседател на Кралското шпанско математичко друштво во 2006 година, таа била првата жена избрана на таа позиција.
Признанија Во септември 2017 година, Валенсијскиот универзитет бил домаќин на работилницата за геометриска анализа, во чест на Хил.
Наводи
Надворешни врски
Home page
Категорија:Шпански математичари Категорија:Математичарки