Возот в снег (хрватски: Vlak u snijegu) - хрватски и југословенски филм од 1976 година, во режија на Мате Реља, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Гордана Инкрет, Жељко Малчиќ, Едо Перочевиќ, Ратко Буљан и Антун Налис. Филмот е снимен врз основа на истоимениот роман на хрватскиот писател Мато Ловрак. Исто така, филмот е познат и по песната „Кога ќе се сложат малите раце“ (Kad se male ruke slože), дело на Арсен Дедиќ.HRT (пристапено на 20.12.2018)
Синопсис Учениците од основното училиште во Велико Село прават своја задруга за чиј претседател е избран сиромашниот ученик Љубан (го игра Штимац). По некое време, учениците заминуваат со воз во Загреб, предводени од учителот. Таму, учителот се разболува и мора да остане во болницата така што учениците мора да се вратат сами. На патот до селото, голема снежна бура ја затрупува железничката пруга и возот останува заглавен во снегот. Под водство на Љубан и помогнати од кондуктерот (го игра Перочевиќ), децата почнуваат да го чистат снегот. Но, во таа акција не учествуваат децата од богатите семејства, предводени од Перо, кој е љубоморен на Љубан. Уште повеќе, Перо започнува кавга со другите ученици, но на крајот, сите деца ја напуштаат неговата група и му се придружуваат на Љубан. Така, децата успеваат да стигнат дома.HRT (пристапено на 20.12.2018)
Наводи
Категорија:Хрватски филмови Категорија:Југословенски филмови Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Филмови на Мате Реља Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Хрватска Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови со Славко Штимац