Давинсон Санчес Мина (роден на 12 јуни 1996, во Калото) — колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Галатасарај и на колумбиската репрезентација.

Технички карактеристики Физички многу силен централен дефанзивец кој е одличен во играта во воздухот. Најчесто настапува десен центарален одбранбен играч во формација со четири играчи.

Клупска кариера Атлетико Насионал Како младинец, Санчес играл во младинската академија на Америка де Кали, но откако неговите родители се преселиле, тој преминал во Атлетико Насионал, каде што се школувал во фудбалска смисла под крилата на Хуан Карлос Осирио. Тој го имал своето деби за сениорскиот тим на 27 октомври 2013 година, во поразот со 0-1 од Бојака Чико. Осорио го ставил Санчес во почетната постава и тој го одиграл целиот натпревар.

На 2 март 2016 година, Санчес го постигнал својот прв гол за Насионал во победата со 3-0 над перуанскиот Спортинг Кристал во Копа Либертадорес. Како резултат на неговите добри перформанси за Насионал, многу странски екипи меѓу кој Барселона, Фламенго, и Ајакс појавиле сериозен интерес да го доведат играчот во својте редови. Барселона прва испратила формална понуда за потпишување на играчот, но Санчес ја одбил понудата, бидејќи не сакал да започне во втората екипа Барселона Б.

Својте одлични настапи ги комплетирал со освојувањето на Копа Либертадорес 2016 против еквадорската екипа Индепендиенте дел Вале.

Ајакс Во јуни 2016 година, Санчес потпишал петгодишен договор со холандскиот Ајакс, до 2021 година; трансферот изнесувал 5 милиони евра. Тој станал само вториот колумбиец во клубот, по Матео Касиера кој потпишал за Ајакс само неколку дена претходно. Санчес му се приклучил на својот нов тим по завршувањето на обврските со Насионал во Копа Либертадорес.

Санчес дебитирал за Ајакс на 13 август во ремито 2–2 против Рода, натпревар во кој стартувал и ги одиграл сите 90 минути. Три дена подоцна го имал својот прв натпревар во Лигата на шампионите во ремито 1-1 против Ростов, во плејоф рундата од квалификациите во која Ајакс бил елиминиран бидејќи во првиот натпревар во Русија загубиле со 1-4. На 15 септември 2016, дебитирал во Лигата на Европа во натпреварот Панатинаикос - Ајакс 1-2, во групната фаза. Својте први голови (постигнал два) за амстердамскиот клуб ги постигнал на 24 септември против Зволе во победата на домашен терен со 5-1. На 5 април 2017, постигнал спектакуларен гол со ножички во победа со 4-1 над Аз Алкмар.

На 8 мај 2017, тој бил избран за најдобар играч на Ајакс за сезоната. На 24 мај, Санчес стартувал и ги одиграл комплетните 90 минути за Ајакс во финалето на Лига Европа 2016-2017, во кое неговиот тим бил поразен од Манчестер Јунајтед со 0-2 во Солна. Својата прва сезона во Европа во дресот на Ајакс ја завршил со 45 настапи во сите натпреварувања и 6 постигнати гола.

Тотенхем Хотспар На 18 август 2017, Тотенхем Хотспар го купил Санчес од Ајакс за 42 милиони фунти, потпишувајќи шестгодишен договор со младиот колумбиски стопер. Своето деби тој го направил на 27 август, влегувајќи како замена на местото на Муса Дембеле во 92-рата минута во ремито 1–1 против Барнли. На 13 септември, дебитирал во групната фаза од Лигата на шампионите во победата со 3-1 на домашен терен над Борусија Дортмунд.

На 15 мај 2018, Санчес потпишал нов договор со Тотенхем, во трајност до 2024 година.

Репрезентативна кариера Во февруари 2016, селекторот на Колумбија Хосе Пекерман го повикал Санчес на тренинг со сениорската репрезентација.

Во мај 2018, тој се нашол на поширокиот списокот од 35 играчи на колумбиската репрезентација за Светското првенство 2018 во Русија. Во јуни 2018, тој се нашол и во конечниот список на Колумбија од 23 играчи за мундијалот. Тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација во групата Х, како и осминафиналниот натпревар во кој Колумбија била елиминирана од Англија по изведување на пенали.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 7 јануари 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013 Атлетико Насионал КПА 3 0 КК 0 0 - - - - - - 3 0 2014 КПА 2 0 КК 2 0 - - - - - - 4 0 2015 КПА 7 0 КК 1 0 - - - - - - 8 0 2016 КПА 14 0 КК 2 0 КЛ 14 1 - - - 30 1Вкупно Атлетико Насионал 26 0 5 0 14 1 - - 45 1 2016-2017 Ајакс Е 32 6 КХ 0 0 ЛШ+ЛЕ 1+12 0 - - - 45 6јул.-авг. 2017 Е - - КХ - - ЛШ 2 1 - - - 2 1 Вкупно Ајакс 32 6 0 0 15 1 - - 47 7авг. 2017-2018 ПЛ 31 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛШ 8 0 - - - 41 0 2018-2019 ПЛ 11 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛШ 4 0 - - - 18 0 Вкупно Тотенхем 42 0 5 0 12 0 - - 59 0Вкупно во кариерата 100 6 10 0 41 2 - - 151 8

Титули Атлетико Насионал Колумбиско првенство (4) : Апертура 2013, 2014 - Клаусура 2013, 2015 Куп на Колумбија (2) : 2012, 2013 Копа Либертадорес (1) : 2016

Наводи

Надворешни врски

Давинсон Санчес на soccerway Давинсон Санчес на transfermakt Давинсон Санчес на whoscored Давинсон Санчес на espn

Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Насионал Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026