Маќаш Ракоши (; 9 март 1892 - 5 февруари 1971) — унгарски комунист, секретар на КП на Унгарија од 1945 година до 1956 година и премиер на Народна Република Унгарија од 1952 до 1953 година.

Животопис Маќаш е роден како Маќаш Розенфелд во градот Ада, тогашна Австроунгарија.Mátyás Rákosi - Encyclopedia.com Тој бил шестиот син на еврејски трговец. Служел во австроунгарската војска кога избила Првата светска војна, а бил заробен на Источниот фронт.

Се вратил дома во 1919 година, и учествувал во комунистичката влада на премиерот Бела Кун. По задушување на револуцијата, тој отишол во Советскиот Сојуз и се вратил во Унгарија во 1924 година, каде што тој бил затворен и вратен во СССР во 1940 година. Сè со цел да се вратат во Унгарија револуционерните знамиња што руските војници ги заробиле во Вилагош 1849 година.Mátyás Rákosi Во Советскиот Сојуз бил секретар на Коминтерната. Се вратил во Унгарија на 30 јануари 1945 година со помош на Црвената армија, со цел да ја организира Унгарската комунистичка партија.

По ослободувањето на Унгарија во 1945 година, тој станал генерален секретар на Унгарската комунистичка партија. Во 1948 година, тој ги натерал социјалдемократите да се приклучат кон комунистите, со цел да ја формираат Унгарската работничка народна партија. До 1949 година ја укинал опозицијата, со што Унгарија станала еднопартиска држава. Често го опишувале како најдобар унгарски ученик на Сталин. Тој развил силен култ на личноста. За време на неговото владеење, голем број вистински и потенцијални непријатели на новата влада биле уапсени и убиени.

Извори

Категорија:Атеисти Категорија:Комунисти Категорија:Починати во 1971 година Категорија:Родени во 1892 година Категорија:Унгарски политичари Категорија:Унгарски Евреи