Враца () — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Враца и на Врачанската област. Градот е еден од најважните економски и културни центри во овој дел на земјата и претставува важна алка во транспортните врски кон Подунавјето. Има население од околу 56.882 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Градот Враца е сместен во подножјето на Врачанскиот Балкан и претставува почетна точка кон ждрелото Вратцата и пештерата Леденика. Градот се наоѓа на 370 m надморска височина. Најсеверните станбени и индустриски квартови на градот се на 340 m н.в., додека најјужните, по течението на реката Лева, се на 400 m н.в.

Градот се наоѓа на 154 km од главниот град Софија (преку Ботевград), на 246 km од Пловдив, на 403 km од Варна и на 478 km од Бургас.

Културни и природни знаменитости Враца има прекрасна околина. Од југ се издигаат сиво-виолетовите карпи на Врачанскиот Балкан, на север, над ниското камено плато со меки и заоблени форми, се издига Милин Кам’к, а на исток се редат ниските врвови на ридот Веслец. Градот е по преминот „Вратцата“, кој со своите вертикални карпи е симбол на градот, како и по Регионалниот историски музеј, каде што се чува и изложува познатото Рогозенско богатство, кое вклучува едни од најстарите откриени златни и сребрени предмети на Траките.

Економија На подрачјето на Враца се развиени многу гранки на индустријата: текстилна (производство на памучни ткаенини и свила), кројачка, прехранбена индустрија (пекарство, кондиторски производи, преработка на месо, преработка на млеко, производство на безалкохолни пијалаци и др.), експлоатација на карпести материјали за обложување (врачански варовник), мебелна, лесна индустрија, машиноградба (производство на стругови и глодалки), леење метали и металопреработка и други.

Поврзано Општина Враца Врачанска област

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Враца Обласна администрација Враца Враца On-Line Вебсаjт на ФК „Ботев“ - Враца Каталог за Враца Слики од Враца Фотогалериjа од Враца Слики од Леденика Радио и телевизиjа во Враца Вести од Враца Врачански интернет навигатор

Категорија:Населени места во Општина Враца Категорија:Населени места во областа Враца