Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Долно Перово, Општина Ресен, Македонија.

Во кругот на селската црква се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

Се наоѓа на крајот од селото, околу 300 метри југоисточно од последните куќи, сместена на устието на Дрменска Река.

Историја

Црквата била подигната во 1867 година, што може да се забележи и од изделканиот камен на црквата, вграден во западниот дел на црквата.

Во периодот помеѓу 1990 и 1993 година е обновен плафонот на црквата, променет покривот на тремот и изградена камбанаријата.

Икони Збирката икони од оваа црква е прогласена за движно културно наследство на Македонија.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Втора ресенска парохија Долно Перово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Перово Долно Перово