Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Прељупскиот манастир во селото Прељубје, Ресенско.

Местоположба

Црквата се наоѓа во самото село, на местоположба од каде се гледа целата Преспанска Котлина.

Историја

Се верува дека некогаш во минатото постоела црква, чии темели неодамна повторно биле пронајдени. Поради тоа се појавила иницијатива за обнова на црквата.

Црквата била обновена во 1999 година, како што е наведено на плочата поставена на црквата. Истата била обновена од страна на ктиторот Пеце Ѓурковски, кој потекнува од селото, но живее и работи во Франкфурт, Германија.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Втора ресенска парохија Прељубје

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Прељубје Прељубје