Артур Енрике Рамос де Оливеира Мело (роден на 12 август 1996 година, во Гојанија), попознат само како Артур или Артур Мело (бразилски португалски: [ˈaʁtuʁ ˈmɛlu] ), е бразилски фудбалер, на Жирона, на заем од и на бразилската репрезентација.

Роден во Гојанија, тој ја започнал својата кариера во Гремио, со која ја освоил Копа Либертадорес во 2017 година и Кампеонато Гаучо во 2018 година. Во своите три години во Гремио, Артур се утврдил како еден од најдобрите играчи во тимот, што набргу довело до тоа Барселона да плати 31 милиони евра за неговте услуги во 2018 година. Во првата година со Блауграна тој освоил две титули: Суперкупот на Шпанија и Примера Дивисион. Во 2020 година, Артур се преселил во Јувентус, во размена во која во спротивен правец отишол Миралем Пјаниќ.

Артур го направил своето деби за сениорската репрезентација на Бразил во 2018 година, а претходно тој бил дел од репрезентацијата под 17 години. Во 2019, тој бил дел од составот на кариоките кој победил на Копа Америка на домашен терен.

Технички карактеристики Артур е централен играч за врска со добро забрзување и голема способност за додавање; често бил споредуван со Чави и Инјеста заради одличната поединечна техника, визијата за играта, физичкиот изглед и вештината за контрола на топката.

Артур е посебно познат по неговите извонредни додавања. Во контекст на тоа за време на еден првенствен натпревар против тој направил 142 додавања, од кои 135 биле успешни. Најмногу во натпревар од Примера Дивисион уште од Чави, кој тоа го сторил во ноември 2012 против Леванте.

Клупска кариера Почетоци Својата фудбалска кариера Артур ја започнал во 2001 година, кога неговиот татко Аилтон го запишал својот син - тогаш четиригодишно момче - во фудбалската школа на неговиот братучед, поранешниот фудбалер Нилтињо. Откако се истакнал за време на натпревар против Гојас, Артур бил поканет да тренира во Вердао, каде останал до 2009 година.

Гремио Во 2010 година, Артур отишол во Гремио каде ги минал сите младински возрасни категории и речиси во сите бил меѓу најистакнатите играчи. Во 2015 година, тој бил приклучен во главниот тим на Гремио, под водството на тренерот Луис Фелипе Сколари, откако импресионирал на Купот за јуниори во Саун Пауло. На 4 февруари 2015, Артур го направил своето деби како професионалец со првиот тим на Гремио на возраст од 18 години, сосема неочекувано започнувајќи во почетната постава против Аиморе во Кампеонато Гаучо; натпреварот завршил со пораз на Гремио (2-1), а тој бил заменет на полувремето од Матијас Родригес. Тоа бил единствениот негов настап во Кампеонато Гаучо за таа сезона.

Тој подоцна бил повикан од новиот тренер Ренато Гаучо, во четири натпревари од Бразилската Серија А, но во сите тие останал неискористена замена и не забележал ниту еден настап. Своето деби во ова натпреварување го имал следната сезона, влегувајќи од клупата за резерви во поразот од Ботафого (0-1) во последното коло.Gremio-Botafogo 0-1 transfermarkt.it На 7 декември 2016 година, тој ја освоил својата прва титула во кариерата, откако Гремио го освоил Купот на Бразил и бил награден со медал иако не одиграл ниту еден натпревар. Првите две години со првиот тим, Артур ги завршил со 2 настапи по еден во секоја сезона.

После првите две парцијални сезони, во 2017 година Артур станал стандарден првотимец во Гремио. На 21 април, Артур дебитирал во Копа Либертадорес, во натпреварот против Клуб Гуарани во Асунсион; натпреварот завршил 1-1, а тој бил асистент за голот на Гремио кој го постигнал Педро Роча и бил избран за играч на натпреварот. На 18 мај, Артур го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, во победата со 3-1 над Флуминенсе во Купот на Бразил. Околу два месеци подоцна, на 20 јули, го постигнал својот прв првенствен гол во гостинската победа со 3-1 над Виторија во Серија А. Во ноември 2017, Артур играл во двата финални натпревари од Копа Либертадорес против аргентинскиот Ланус, помагајќи му на Гремио (со вкупен резултат 3-1) да стане шампион на Јужна Америка по трет пат во клупската историја; во вториот натпревар одигран во Аргентина, кој бразилската екипа го добила со 1-2, Артур бил избран за играч на натпреварот и покрај тоа што бил заменет по 50-тина минути поради повреда. Повредата подоцна го спречила да настапи на Светското клупско првенство, кое се одиграло месец дена подоцна. Сезоната ја завршил со 50 настапи (27 во првенството, 4 во Кампеонато Гаучо, 2 во Примеира лига, 5 во купот и 12 во Копа Либертадорес) и 2 постигнати гола.

Во 2018 година, Артур му помогнал на Гремио да освои уште две титули во Рекопа Судамерикана и Кампионато Гаучо. Откако со својте одлични игри го привлекол вниманието на многубројни клубови од Европа, во март 2018 било објавено дека Артур ќе го напушти Гремио и ќе потпише за шпанската Барселона. Вкупно за Гремио тој одиграл 69 натпревари и постигнал 6 гола.

Барселона На 11 март 2018 година, Гремио и Барселона постигнале договор за доаѓање на Артур во шпанскиот клуб. Сумата на трансферот изнесувала 31 милион евра, плус 9 милиони евра во зависност од тоа дали ќе бидат исполнети некој бонуси. Тој потпишал шестгодишен договор, а официјално како играч на Барса бил претставен на 9 јули 2018 година.

Своето деби за Барселона го направил на 12 август во Суперкупот на Шпанија, започнувајќи го натпреварот против што завршил 2-1 за Блауграна. Така, веќе во првиот натпревар за новиот клуб тој го освоил и првиот трофеј со Барселона. Артур го направил своето деби во лигата во првото коло од Примера Дивисион 2018-2019 против Алавес, забележувајќи асистенција за голот на сонародникот Филипе Коутињо, во победата со 3-0 на Камп Ноу. На 18 септември, тој го одиграл својот прв натпревар во кариерата во европските натпреварувања, во победата со 4-0 на домашен терен над во Лигата на шампионите. На 28 април 2019, Артур со Барселона го освоил шпанското првенство, затворајќи ја својата добра прва сезона во клубот со вкупно 44 одиграни натпревари (без постигнат гол) од кој во најголемиот дел бил стартер.

thumb|200px|right|Артур во дресот на во 2019. На почетокот на следната сезона, на 31 август 2019, Артур го постигнал својот прв гол за Барселона, во ремито 2-2 на гостувањето кај Осасуна. Околу месец дена подоцна, тој го постигнал веќе и својот втор гол погодувајќи ја мрежата на Виљареал во победата со 2-1. Во осмото првенствено коло, тој забележал две асистенции во победата со 4-0 над Севиља со што ја продолжил одличната форма од почетокот на сезоната.

На 29 јуни 2020, Артур потпишал за Јувентус, но поради продолжената сезона заради пандемијата од COVID-19, требало да остане во Барселона до крајот на истата. Сепак, во август 2020, тој не се појавил на тренинзите на каталонскиот клуб пред нивиот натпревар против во Лигата на шампионите и не отпатувал со тимот во Лисабон каде се играла завршницата од натпреварувањето, со цел да може порано да му се приклучи на новиот клуб. Како резултат на тоа претседателот на Барселона, Жузеп Марија Бартомеу, изјавил: Имавме договор со него да настапува за Барселона до крајот на сезоната, тој е важен играч за нас и можеше многу да помогне, но едноставно не се појави. Таквото однесување е неприфатливо и покажа непочитување кон соиграчите и клубот. Вкупно во дресот на Блауграна тој одиграл 72 натпревари и постигнал 4 гола.

Јувентус На 29 јуни 2020, Артур потпишал петгодишен договор со во трансфер вреден 72 милиони евра, плус 10 милиони евра бонуси, како дел од размената во која во Барселона отишол Миралем Пјаниќ. Своето деби за Јувентус во Серија А го направил на 27 септември, влегувајќи како замена на местото на Вестон Мекени во ремито 2–2 на гостувањето кај . На 20 јануари 2021, го освоил својот прв трофеј со бјанконерите, играјќи како стартер од почетокот до крајот во победата со 2-0 над во Суперкупот на Италија; во споменатиот натпревар имал важна улога при постигнувањето на вториот гол, започнувајќи го контранападот на својот тим кој го завршил Алваро Мората на асистенција на Хуан Квадрадо. Четири дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус, во победата со 2-0 над во првенството.

Ливерпул Откако се нашол на маргините во Јувентус, на 1 септември 2022 година, Артур се преселил во на заем до крајот на сезоната.

Репрезентативна кариера Во младите години Артур играл за репрезентацијата на Бразил под 17 години и учествувал со истата на Јужноамериканското првенство за играчи под 17 години.

thumb|right|Артур го прима медалот по победата на Копа Америка 2019 Својот прв повик во сениорската репрезентацијата го добил во септември 2017, за квалиикациските натпревари против и , но не добил можност да дебитира. Тој исто така се нашол и на преелиминарниот список на селекторот Тите за Светското првенство 2018 во Русија, но не бил избран во конечниот од 23 играчи.

Своето репрезентативно деби го направил во победата со 2-0 на кариоките над во пријателски натпревар одигран на 7 септември 2018, влегувајќи како замена. Пет дена подоцна, тој играл како стартер во победата со 5-0 над . Селекторот Тите го пофалил стилот на игра на играчот од средниот ред велејќи: „Тој секогаш го наоѓа најдоброто решение за излез од ситуацијата“. Дури и ако нема асистенција, тој прави додавање со кое ќе му помогне на соиграчот“.

Во мај 2019, Артур бил избран во составот на Бразил за Копа Америка 2019 на домашно тло. Во финалето на Маракана против на 7 јули, Артур му асистирал на Габриел Жезус во судиското продолжение од првото полувреме за водство на Селесао од 2-1; натпреварот завршил со победа на Бразил од 3–1, со што тие станале шампиони на Копа Америка по деветти пат. Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 11 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2015 Гремио А+А1/Г 0+1 0 КБ 0 0 - - - - - - 1 0 2016 А+А1/Г 1+0 0 КБ 0 0 КЛ - - ПЛ 0 0 1 0 2017 A+A1/Г 27+4 1+0 КБ 5 1 КЛ 12 0 ПЛ+Скп 2+0 0 50 2 2018 A+А1/Г 7+7 1+3 КБ 0 0 КЛ 3 0 - - - 17 4Вкупно Гремио 35+12 2+3 5 1 15 0 2 0 69 62018-2019 ПД 27 0 КШ 7 0 ЛШ 9 0 СШ 1 0 44 02019-2020 ПД 21 3 КШ 3 1 ЛШ 4 0 СШ - - 28 4Вкупно Барселона 48 3 10 1 13 0 1 0 72 42020-2021 А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0Вкупно во кариерата 95 8 15 2 28 0 3 0 141 10

Титули Клупски Гремио Куп на Бразил : 1 2016 Копа Либертадорес : 1 2017 Рекопа Судамерикана : 1 2018 Кампеонато Гаучо : 1 2018

Барселона Примера Дивисион : 1 2018-2019 Суперкуп на Шпанија : 1 2018

Јувентус Куп на Италија : 1 2020-2021 Суперкуп на Италија : 1 2020

Репрезентативни Бразил Копа Америка : 1 2019

Наводи

Надворешни врски

Артур на soccerway Артур на transfermarkt Артур на espn Артур на whoscored

Категорија:Фудбалери на Гремио Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Жирона Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година