Физичкото ниво (англиски: Physical layer) е прво ниво во компјутерски мрежи од OSI моделот со седум нивоа, односно прво ниво во TCP/IP моделот со пет нивоа. На ова ниво се извршуваат сервиси кои ги бараат протоколите од податочното ниво и се претвораат битовите од рамката во соодветен електричен, оптички или радио сигнал а потоа го предава сигналот, го контролира преносот и приемот. Физичкиот слој ги одредува електричните и физичките спецификации на уредите, односно, го дефинира односот помеѓу уредот и пренесувачкиот медиум како што е бакарен или оптички кабел. Ова вклучува и распоред на пиновите, напон, кабелските спецификации, репетитор, мрежни адаптери и др. За разлика од погорните слоеви, овој слој целосно се однесува на хардверот и е задолжен за 3 примарни функции:
Стандардизација на компонентите (адаптери, мрежен интерфејс, кабли и конектори); Начин на претставување на податоците (модулација и кодирање) и контролни стандарди; Сигнализација, синхронизација на сигналот, предавање, прием и пренос преку медиум.
Подслој за сигнализација Кај локалните (LAN) и метрополитските (MAN) мрежи кои користат интерконекциска OSI архитектура, подслојот за сигнализација е дел од физичкиот слој којшто: Комуницира со подслојот за контрола на пристап до медиуми (MAC)кој е дел од податочното ниво; Врши кодирање на карактери, пренесување, примање и декодирање; Врши задолжителни изолациски функцииОваа статија вклучува материјали од јавна сопственост од документот Federal Standard 1037C при Администрацијата за општи услуги на САД (со поддршка на MIL-STD-188).
Список на сервиси Главните функции кои ги извршува физичкото ниво се: Пренос бит-по-бит или сигнал-по-сигнал Обезбедува интерфејс за медиуми за физички пренос, вклучувајќи: Механичка спецификација на електрични конектори и кабли, на пример максимална должина на кабел Електрична спецификација на импеданца Радио интерфејс, вклучувајќи електромагнетен спектар на распределба на честота и спецификација на јачина на сигналот, аналоген пропусен опсег итн. Спецификација на инфрацрвени зраци преку оптички кабел или безжичен линк за комуникација со инфрацрвени зраци Модулација Линиско кодирање Синхронизација на битови кај синхрона комуникација Старт-стоп сигнализирање и контрола на проток кај асинхрона комуникација Преклопување на кола Мултиплексирање Воспоставување и прекинување на врски со преклопување на кола Откривање на колизија која настанува кај протоколите за пристап од второто ниво Forward - поправка на грешкиBersekas, Dimitri; Gallager, Robert (1992). Data Networks. Prentice Hall. p. 61. ISBN 0-13-200916-1 Физичкиот слој исто така е одговорен за: Стапка на битови Точка-со-точка, multipoint или point-to-multipoint поврзување Физичка мрежна топологија, на пример: прстен, ѕвезда, магистрала и др. Сериска или паралелна комуникација Simplex, half duplex и duplex начини за пренос
Список на протоколи
телефонски модеми V.92 IRDA физички слој USB физички слој EIA RS-232, EIA-422, EIA-423, RS-449, RS-485 Етернет физички слој вклучувајќи ги 10BASE-T, 10BASE2, 10BASE5, 100BASE-TX, 100BASE-FX, 100BASE-T, 1000BASE-T, 1000BASE-SX и други верзии Повеќе верзии на 802.11 Wi-Fi физички слоеви ISDN T1 и други T-carrier врски, и E1 и други E-carrier врски SONET/SDH Optical Transport Network (OTN) GSM Um радио интерфејс физички слој Блутут физички слој ITU препораки: видете ITU-T Огнена жица (Firewire) TransferJet физички слој Etherloop ARINC 818 Avionics Digital Video Bus G.hn/G.9960 физички слој Controller Area Network (CAN) физички слој
Споредба со TCP/IP TCP/IP моделот, дефиниран во RFC 1122 и RFC 1123, е напреден мрежен модел кој се користи за опис на Интернетот и слични мрежи. TCP/IP не дефинира еквивалентен слој кој се занимава исклучиво со хардверски спецификации и интерфејси бидејќи овој модел не се занимава директно со физичкиот интерфејс. Кај неколку RFC-и се споменува физички слој и слој на податочна врска, но тоа е во контекст на IEEE протоколи. Кај RFC 1122 и 1123 воопшто не се споменува физички слој и слој на податочна врска.
Наводи
Поврзано Етернет физичко ниво
Категорија:OSI-протоколи