мини|Марјана Спивак ја доби улогата на Жења по четиримесечен процес на кастинг Без љубов (руски: Нелюбовь) - руски филм од 2017 година во режија на Андреј Звјагинцев, кој е и соавтор на сценариото заедно со Олег Негин. Главните улоги ги играат: Маријана Спивак, Алексеј Розин, Матвеј Новиков и Марина Василева. Филмот претставува одлична социолошка студија. Во 2017 година, на Канскиот филмски фестивал, филмот ја добил наградата FIPRESCI, а истата година ја освоил и наградата „Цезар“. Исто така, филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобар филм на странски јазик. Камерманот Михаил Кричман, пак, ја освоил Европската филмска награда за камера.Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019

Синопсис Борис (го игра Розин) и Жења (ја игра Спивак) се маж и жена пред развод, а нивниот малолетен син Аљоша (го игра Новиков) тешко го поднесува тоа. Борис е вработен во приватна фирма чиј сопственик е строг православен христијанин кој не дозволува неговите вработени да се разведат. Тој е во вонбрачна врска со Маша (ја игра Василева) која е бремена, а Жења има богат љубовник. Борис и Жења се во лоши односи, а уште од почетокот на нивниот брак меѓу нив немало никаква љубов. Еден ден, Аљоша не се враќа дома од училиштето и родителите го пријавуваат неговото исчезнување во полицијата, а бараат помош и од приватна волонтерска организација. Започнува голема потрага по Аљоша, но никаде не можат да го пронајдат. Меѓутоа, ниту исчезнувањето на нивниот син не може да ги зближи Борис и Жења кои и понатаму се во непријателски односи. Најпосле, Борис и Жења ги повикуваат да го идентификуваат мртвото тело на едно дете... Една година подоцна, Борис е во брак со Маша, а Жења живее со својот љубовник.

Наводи

Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на Андреј Звјагинцев Категорија:Филмови со Маријана Спивак Категорија:Филмови со Алксеј Розин Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Москва