Кокаин е силен психостимуланс.
Кокаинот делува преку инхибиција на репреземањето на серотонин, норепинефрин и допамин. Ова резултира со зголемени концентрации на овие три невротрансмитери во мозокот. Лесно ја преминува крвно–мозочната бариера. Кокаинот е присутен во растението кока кое расте во Јужна Америка. Се проценува дека нелегалниот пазар на кокаинот изнесува помеѓу 100 до US$500 милијарди секоја година.
thumb|upright=2|Несакани ефекти од хронична употреба на кокаин Кокаинот е втора најкористена илегална дрога, после марихуаната. Секоја година го користат помеѓу 14 и 21 милиони луѓе. Употребата е најголема во Северна Америка, потоа Европа и Јужна Америка. Во 2013, употребата на кокаин довела до 4,300 директни смртни случаи, што е зголемување од 2,400 смртни случаи во 1990.
Кокаинот како тема во уметноста и популарната култура „Кокаински хроники“ - збирка раскази од осум американски писатели.Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010. „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“ - расказ на американската писателка Лаура Липман.Лаура Липман, „Диета со чист кокаин (или, како да ослабите и да го промените својот живот само за еден викенд)“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 22-43. „Десет килограми“ - расказ на американската писател Ли Чајлд.Ли Чајлд, „Десет килограми“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 7-21. „Кокаински блуз“ (Cocaine Blues) - песна на американскиот кантри-музичар Трој Џуниус Арнал (Troy Junius Arnall).Discogs, Johnny Cash – At Folsom Prison (пристапено на 21.2.2020)
Наводи
Категорија:Тропански алкалоиди Категорија:Германски пронајдоци Категорија:Карбоксилатни естри Категорија:Отологици Категорија:Вторични метаболити Категорија:Аноректици Категорија:Срцеви стимуланси Категорија:Стимуланси Категорија:Метилестри Категорија:Невротоксини