мини|десно|250п|Пасифаја со Дедал и дрвената краваФреска од Помпеја

Пасифаја (грчки јазик|Πασιφάη) (латински јазик|Pasiphae) во старогрчката митологија била кралица на Крит и честопати била нарекувана божица на вештерството и волшебството. Таа е ќерка на ХелијApollonius Rhodius, Argonautica 3.999Ovid, Metamorphoses 9.735Antoninus Liberalis, Metamorphoses 41Seneca, Phaedra 112 и океанската нимфаHesiod, Theogony 355 Персеида,Apollodorus, Library 1.9.1Gaius Julius Hyginus, Fabulae prefaceCicero, De Natura Deorum 48.4 а била жена на критскиот крал Минос.. Пасифаја е најпозната како мајка на Минотаур. Таа го зачнала Минотаур откако се парела со Критскиот бик додека била скриена во шуплива крава што ѝ ја направил атинскиот пронаоѓач Дедал; претходно Посејдон ја проколнал да се заљуби во бикот затоа што нејзиниот сопруг Минос не му го принел како жртва бикот на Посејдон како што претходно му ветил.

Пасифајиното име на грчкиот јазик значи „она која се осветлува“. Митологија мини|лево|120п|Минотаур Пасифаја со кралот Минос имала четири сина - Деукалион,Hyginus, Fabulae 14 Глаук, Андрогеј, Катреј - и две ќерки - Аријадна и Федра, а потоа се вљубила во светиот бел бик и родила чудовиште, полубик - ѕвездениот Астерион - Минотаур.

Пред да стане крал, Минос од богот Посејдон побарал некој знак дека тој, а не неговиот брат, ќе дојде на престолот на Крит. Посејдон ги слушнал молбите на Минос и како знак испратил бел бик, под услов Минос да га жртвува во негова чест. Преубавиот бел бик излегол од морето, а Минос, кога го здогледал толку прекрасен, одлучил да го измами Посејдон и жртвувал друг бик. Посејдон, кога ја видел измамата, се разбеснил и одлучил да го казни Минос така што направил Пасифаја, миносовата жена, лудо да се вљуби во бикот.

Пасифаја, во желба некако да се доближи до бикот, отишла до Дедал да и помогне и да смисли начин како таа да ја задоволи својата страст. Дедал смислил како да и помогне на Пасифаја. Направил дрвена крава во која се вовлекла и сокрила Пасифаја, па бикот така ја оплодил, а Пасифаја забременила и подоцна го родила чудовиштето - полубик и получовек - Минотаур.

Минотаур, додека бил дете, го одгледала Пасифаја, но како тој растел, така станувал се побесен и побесен, така што Дедал, по совет на Делфиската пророчица изградил лавиринт во кој би се држел Минотаур. Лавиринтот е изаграден под миносовата палата на Кносос.

Пасифаја, како нејзината внука Медеја ги познавала магичните својства на билките, а така ја претставувале и старите Грци. Аполодор во Библиотека наведува дека Пасифаја му фрлила магија за верност на Минос, така што тој, во своите вонбрачни средби со конкубините, ејакулирал змии и шкорпии и така ги убивал своите љубовници, а единствено Прокрида, бидејќи ја имала волшебната билка која ја штитела од Пасифајините волшепства, успејала долго да остане во врска со Минос.Apollodorus, Bibliotheca 3.15.1

Во Талами, во континенталниот дел од Грција Пасифаја е почитувана како божица - пророчица, а Паусанија, кој ја изедначува Пасифаја со божицата на Месечината Селена, ја опишува бронзената скулптура на Пасифаја и Хелије. Цицерон, во „De natora Deorum“, запишал дека спартанските ефори, за да им се прикажат предвидувања кои би им помогналепри владеењето, спиеле покрај Пасифајиниот храм.

Наводи

Литература

Надворешни деца Пасифаја у класичној литератури и уметности

Категорија:Децата на Хелеј Категорија:Волшебнички во старогрчката митологија Категорија:Старогрчки божици Категорија:Сончеви божици Категорија:Месечеви божици Категорија:Кралици во грчката митологија Категорија:Божествени сопруги на Зевс