Ифимедија во старогрчката митологија била Тесалиска принцеза, Триопова ќерка и Алоејева сопруга.

Митологија Ифимедија страсно го сакала Посејдон и секојдневно на морскиот брег ја излевала водата во своите гради. Тој накрај и се прикажал во вид на речниот бог Енипеј и водел љубов со неа, па таа зачнала и ги родила Алоади (От и Ефијалт).Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд. Според друго предание, тој никогаш не се појавил, па таа со морската вода ги полеала своите гениталии и така забременила.-{in2greece.com: iphimedeia}-, Посетено на 8. 4. 2013. Имала и ќерка Панкратија и двете биле грабнати од тракиските пирати и ги одвеле на Наксос или Санторини, но сепак ги вратиле на Алоадите.

Култ Нејзиниот гроб, како и гробовите на нејзините синови се прикажани во Антедон, а таа била обожавана како хероина во Миласија во Карија.-{Greek Mythology Index: Iphimedeia}- , Посетено на 8. 4. 2013.

Во уметноста Ја претставувал старогрчкиот сликар Полигнот од Делфи.

Наводи

Категорија:Кралици во старогрчка митологија Категорија:Женитена Посејдон Категорија:Жени во старогрчката митологија Категорија:Старогрчка митологија