Оливера Ќорвезироска (родена во , на ) — македонска писателка, поетеса, есеистка и критичарка.

Животопис Оливера Ќорвезироска (родена Марковиќ) е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија.okno.mkwww.radiomof.mkОливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 183.

Творештво Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и бугарски јазик. Исто така, таа е застапена во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство.

Библиографија Ќорвезироска е авторка на следниве дела: Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021. „Трети кат“ (поезија, 1982 г.) „Високите бели“ (поезија, 1989 г.) „Кифличката Мирна“ (роман за деца, 1993 г.) „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (роман за деца, 2001 г.) „Дедо Миле“ (сликовница, со Глигор Костовски-Гишо, 2000 г.) „Отвораат ли сништата работа“ (критика и есеистика, 1999 г. ) „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика, 2016 г.) „Заклученото тело на Лу“ (роман, 2005 г.) „Страдањата на младиот лектор“ (раскази, 2000 г.) „(С)плетени раскази“ (раскази, 2003 г.) „Две перници“ (раскази, 2010 г.) „Новелички без шеќер“ (раскази, 2017 г.) „(Со)шиени раскази“ (раскази, 2017 г.) „Улиците што ги нема“ (раскази, 2018 г.) „Аб'т“ (роман, 2019 г.) „Дедо Миле“ (сликовница, со Владимир Лукаш, 2019 г.) Престапни години (раскази, 2021 г.) Три Марии (роман, 2025 г.)

Таа е застапена во околу 20 антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство. На пример, три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 175-179.

Награди и признанија Ќорвезироска е добитничка на неколку награди за нејзините раскази, а во 2003 година, за книгата „(С)плетени раскази“, ја добила наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021.

2025 - Награда „Рациново признание“ за романот „Три Марии“ 2025 - Награда „Стале Попов“ за романот „Три Марии“

Наводи

__ИНДЕКС__ __ВРСКАНОВПОДНАСЛОВ__ __СОСОДРЖИНА__

Категорија:Македонски писатели Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“