ФК Ипсвич Таун — англиски фудбалски клуб, од градот Ипсвич, Сафолк.https://www.bbc.co.uk/sport/football/teams/ipswich-townhttps://www.itv.com/news/anglia/topic/ipswich-town/ Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокото ниво на англискиот фудбал.
Клубот бил основан во 1878 година, но не бил професионален се до 1936 година; дури откако станал професионален, се приклучил на фудбалската лига во 1938 година. Најголемиот успех Ипсвич го постигнал во сезоната 1961-1962, кога ја освоил досега својата единствена титула шампион на Англија. Покрај тоа, тој двапати завршувал како втор во врвната англиска дивизија на почетокот на 1980-тите години (1980-1981 и 1981-1982). Друг успех на клубот на домашната сцена е освојувањето на ФА Купот во сезоната 1977-1978, додека најголемиот успех на европските натпреварувања Ипсвич го остварил со освојувањето на Купот на УЕФА во сезоната 1980-1981.
Својте домашни натпревари Ипсвич ги игра на Портман Роуд, кој има капацитет од преку 30.000 седечки места. Најголемиот соперник на клубот е Норич Сити, против кои го играат дербито на Источна Англија. Традиционалната опрема на Ипсвич се состои од сини дресови и бели шорцеви.
Историја Клубот е основан во 1878 година. До 1888 година бил познат под името АФК Ипсвич. Истата година тој се сооединил со Ипсвич Рагби Клуб, по што новиот клуб бил наречен ФК Ипсвич Таун.* http://tmwmtt.com/page.php?page=404 Во раните години од своето постоење клубот освоил низа локални натпреварувања како Suffolk Challenge Cup и Suffolk Senior Cup. Во 1907 година клубот станува член на Јужната аматерска лига, која ја освоиле во сезоната 1921-1922. Истиот успех клубот го повторил и во сезоните: 1929-1930, 1932-1933 и 1933-1934. Во 1934 година, Ипсвич станува член на Eastern Counties Football League. Година дена подоцна влегува во Јужната лига, која ја освоиле уште во својата првата сезона.* http://www.salarchives.co.uk/clubipswichtown.asp
Ипсвич влегува во Фудбалската лига на 30 мај 1938, и играл во нејзината Трета дивизија Југ се до сезоната 1953-1954, кога ја освоиле титулата и избориле промоција во Втората дивизија.
Бои и симболи Бои Традиционалните бои на Ипсвич Таун кој ги има на опремата на клубот за домашните натпревари се сини дресови со бели шорцеви и сини чорапи. Еден од прекарите на Ипсвич Таун е „Блуз“ (The Blues, во превод Сините), што произлегува од нивниот традиционален дрес. Првите регистрирани бои на клубот биле сино-бели дресови со риги со црни шорцеви. Целосно сините дресови и белите шорцеви првпат биле носени во сезоната 1936–1937, по влегувањето на клубот во Јужната фудбалска лига откако станале професионални. Оттогаш тие стојат како основни бои на домашните дресови на клубот.
Откако станал професионален клуб, Ипсвич користел голем број на различни гостински бои на дресови, вклучувајќи бели, портокалови, црвени и црни вертикални риги, кларет и зелена, крем и црни вертикални риги и темно сина и кларет. Во 2006 година, клубот донирал 500 портокалови и сино-бели дресови на децата во Ирак.
За целосната историја на дресовите на клубот, видете
Симболи
Грбот на фудбалскиот клуб Ипсвич Таун се состои од „штит“ кој содржи бел коњ таканаречен „Сафолк Панч“ (Suffolk Punch), локална раса коњ, и името на клубот. Усвоен е во 1972 година по конкурс и со текот на времето претрпел различни рестилации додека секогаш ја одржувал истата форма на „кренелен штит“ (како средновековните кули) со доминантна нијанса на сина наизменично со златно жолта или црвена боја. Единствената графичка промена била во рендерот на коњот, кој е направен повеќе сличен на Сафолк Панч.
Претходно симболот на клубот од 1933 до 1957 година се состоел од грбот на градот Ипсвич, штит со готски букви во горниот дел и стилизиран сад (Ипсвич е „пристаништен град“) со средновековен шлем во центарот и втор штит поделен композициски на две полиња, половината содржела неконтролиран лав, а другата половина три краја од бродови, и двете страни опкружени со два морски коња. Од 1965 година, централниот дел на логото (лавот и бродовите) бил прикажан на дресовите на клубот се до 1972 година.
Играчи Моментален состав
Менаџери
Титули Домашни натпреварувања Прва Дивизија / Премиер лига : 1 1961-1962 Втора Дивизија / Чемпионшип : 3 1960-1961, 1967-1968, 1991-1992 Трета Дивизија / Лига Еден : 2 1953-1954, 1956-1957 Јужна лига : 1 1936-1937 ФА Куп : 1 1977-1978
Меѓународни натпреварувања Куп на УЕФА : 1 1980-1981 Тексако куп : 1 1972-1973
Младински натпреварувања ФА Куп за млади : 3 1972-1973, 1974-1975, 2004-2005
Милк куп : 1 2022 (под 18)
Статистика Учества во првенства Заклучно со сезоната 2024-2025 клубот се натпреварувал во следниве првенства:
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Прва дивизија 21 1961-1962 1985-1986 27 Премиер лига 6 1992-1993 2024-2025 2º Втора дивизија 15 1954-1955 1991-1992 37 Прва дивизија 7 1995-1996 2003-2004 Чемпионшип 16 2004-2005 2023-2024 3º Трета дивизија 11 1938-1939 1956-1957 15 Лига Еден 4 2019-2020 2022-2023
Наводи
Надворешни врски
Останати сајтови Ипсвич Таун на Sky Sports Ипсвич Таун на сајтот на Премиер лигата Ипсвич Таун на сајтот на УЕФА
Ипсвич Таун