R Лебед — променлива ѕвезда од типот Мириди во соѕвездието Лебед, помалку од 4' од θ Лебед. Станува збор за црвен џин во асимптотската гранка на џинови на растојание од 2.200 светлосни години. Станува збор за ѕвезда од S-тип која има спектрални типови меѓу S2.5,9e to S6,9e(Tc).
Ѕвездите со оваа маса се во развојна фаза која е нестабилна и од таа причина тие оддаваат променлива светлинска сјајност. R Лебед има максимална светлосна величина од 6,1 и минимална величина од 14,4, со период од 426,45 денови. Променливата сјајност на оваа ѕвезда била забележана од страна на англискиот астроном Норман Погсон во 1852 година, и историски е забележана нејзината промена на сјајноста во текот на период подолг од едно столетие. R Лебед има исклучително периодично удвојување, каде променливите максимуми се со различна сјајност, па така вистинскиот период на пулсирање може да се смета за двоен од максимум до максимум.
Каталогот на двојни и повеќебројни ѕвезди ја наведува ѕвездата BD+49 3065 со светлосна верличина 10 како придружна ѕвезда на R Лебед, со разделност од 91", и двете ѕвезди се на подеднакво растојание од Земјата. Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди дополнително наведува уште една ѕвезда со светлосна величина 15 како ѕвезда придружник со разделност од 14".
Белешки
Наводи
Категорија:Ѕвезди од типот S Категорија:Мириди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед 185456 031822 Лебед, R Категорија:Ѕвезди со оддавни линии