HR 7484 (V1143 Лебед) — систем од двојна ѕвезда во северното соѕвездие Лебед. Може да се забележи со човеково око при добри временски услови, притоа имајќи привидна величина од 5,89. Засновано на годишната промена на паралаксата од 24,71, се наоѓа на растојание од 132 светлосни години. Системот е приближува со околусончева радијална брзина од −14 км/с.

Мерењата на радијалната брзина при Доминионската астрономска опсерваторија во Викторија,Британска Колумбија, Канада во 1919 година довело од страна на Вилијам Едмунд Харпер дека HR 7484 е двојнолиниска спектроскопска двојна ѕвезда. Станува збор за одвоена еклиптичка двојна ѕвезда, што пак значи дека орбиталната рамнина е подредена близу до линијата на набљудување од Земјата, предизвикувајќи составниците да се затемнуваат двапати во орбитата. Системот минува низ апсидно движење, со чекор поголем од оној предвиден од општата релативност. Двете составници се обични ѕвезди од типот F на главната низа со слични физички својства.

Ѕвездата вообичаено има привидна величина од 5,89, но на секои 7,64 денови (7 денови, 15 часа и 22 минути) нејзината сјајност се намалува на величина од 6,37, приближно две третини од сјајноста. Пет дена и 17 часа по секоја првично затемнување, има и второ затемнување кога сјајноста опаѓа до величина 6,06, околу 85% од нормалната сјајност. Секое затемнување трае по 220 минути. Двете затемнувања се делумни.

Наводи

Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот F Категорија:Алголски променливи ѕвезди Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Тела од Бонскиот преглед 185912 096620 7484 Лебед, V1143