Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е невладина, натпартиска, национална, хуманитарна и непрофитна организација во Македонија. Организацијата е основана во 1945 година.Општи информации за НССРМ. Претсетдател на сојузот е Жарко Селковски.
Главната причина поради која е основана организацијата е подобрување на условите за живот на слепите лица во Македонија, односно нивната работа, месните оргазнизации, социјализацијата и интеграцијата на лицата. Овие се воедно и водечките идеали или мисијата на националниот сојуз.
Структура
Организацијата опфаќа 16 месни здруженија и брои повеќе од 2500 членови - слепи лица на територија на Република Македонија односно лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу 10 проценти.
Здруженија
Националниот сојуз е составен од следните месни здруженија: Здружение на слепи лица Битола Здружение на слепи лица Велес Здружение на слепи лица Гевгелија Здружение на слепи лица Кавадарци Здружение на слепи лица Кичево Здружение на слепи лица Кочани Здружение на слепи лица Куманово Здружение на слепи лица Неготино Здружение на слепи лица Охрид Здружение на слепи лица Прилеп Здружение на слепи лица Свети Николе Здружение на слепи лица Скопје Здружение на слепи лица Струга Здружение на слепи лица Струмица Здружение на слепи лица Тетово Здружение на слепи лица Штип
Членство Самиот сојуз е член на повеќе сојузи, меѓу кои:
Националниот совет на инвалидски организации на Македонија Балканскиот консултативен комитет Европскиот сојуз на слепите Светскиот сојуз на слепите
Активности Сојузот издава Брајово списание „Наш збор“, звучно списание „Панорама“ и звучно списание „Зрак“. Дополнително на ова, сојузот печати книжевни дела на Брајово писмо, но и аудио-книги и аудио-учебници.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија располага со сопствен деловен објект, соодветна опрема за работа, сопствени патничко и комби возило, Брајова печатница, образовен компјутерски центар и тонско студио.
Наводи
Поврзано Национален совет на инвалидски организации на Македонија
Надворешни врски Службено мрежно место
Категорија:Невладини организации во Македонија Категорија:Слепило Категорија:Индвалидитет во Македонија