Кеплер-5 — ѕвезда сместена во соѕвездието Лебед во полето на набљудување на Кеплер, и проект на НАСА насочен за пронаоѓање на планети во премин, или планети кои минуваат пред, сопствените ѕвезди гледани од Земјата. Една блискуорбитна планета, од Јупитеров тип, именувана како Кеплер-5b, е забележана околу Крплер-5. Планетата околу Кеплер-5's е една од првите пет планети откриена од вселенското летало Кеплер, нејзиното откривање било објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво откако била потврдена од бројни опсерватории ширум светот. Кеплер-5 е поголема и помасивна од Сонцето, но има слична металичност, голем фактор при создавањето на планетите.
Номенклатура и историја Направени се три откритија пред мисијата Кеплер, кои биле во видното поле на самата мсијаи, и им биле доделени ознаките Кеплер 1, Кеплер 2 и Кеплер 3. Кеплер-5 е всушност втора забележана ѕвезда со планети во текот на мисијата Кеплер, мисија на НАСА која е со цел да се откријат земјовидни планети кои минуваат, пред, нивната ѕвезда во однос на Земјата. Планетата околу ѕвездата, Кеплер-5b, била втората од петте планети, чие откритие било јавно објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво во Вашингтон, заедно со планетите околу Кеплер-4, Кеплер-6, Кеплер-7 и Кеплер-8.
Првичното откивање на Кеплер-5b од страна на мисијата Кеплер било преразгледано од страна на научниците при Кековата опсерваторија во Мауна Кеја, Хаваи; и Мекдоналдовата опсерваторија во западен Тексас, Паломарската опсерваторија и Ликовата опсерваторија во Калифорнија; MMT, WIYN и Випловата опсерваторија во Аризона и Рок де лос Мучачос на Канарските Острови.
Особености Кеплер-5 е ѕвезда налик на Сонцето со маса од 1,374 (± 0,056) Msun и полупречник од 1,793 (± 0,053) Rsun, или е 137% од масата на Сонцето и 179% од полупречникот на Сонцето. Ѕвездата има металичност на [Fe/H] 0,04 (± 0,06), што ја прави по металичноста да биде налик на Сонцето, со што се зголемува можноста ѕвездата да поседува планети во орбита околу самата ѕвезда. Кеплер-5 има делотворна температура од 6.297 (± 60) K, што е поголема температура од онаа на Сонцето од 5.778 K. Кеплер-5 има светлосна величина од 13,4, и не може да се види со голо око.
Придружни ѕвезди Неодамнешен каталог на ѕвезди придружници на Кеплерови ѕвезди определени преку високоразделна фотографија покажале два придружници на Кеплер-5 на растојание од 0,9 и 3,5 лачни секунди. Дали овие ѕвезди се физички сврзани со Кеплер-5 или се случајни подредувања е непознато но неодамнешните изучувања укажуваат дека 60 до 80% од придружниците во 1 лачна секунда на Кеплеровите ѕвезди се вистински двојни ѕвезди.
Планетарен систем
Кеплер-5b е со маса од 2,111 MJ и полупречик од 1,426 RJ. Следствено е со маса двапати од масата на Јупитер, и нешто помалку од три половини од Јупитеровиот полупречник. Кеплер-5b завршува една орбита на секои 3,5485 денови, наоѓајќи се приближно на 0,0538 ае од Кеплер-5. Ова значи дека станува збор за жежок Јупитер, или пак гасовит џин во блиска орбита околу ѕвездата. За споредба, Меркур кружи околу Сонцето на растојание од 0,3871 ае на секои 87,97 денови. За планетарното занесување се претпотавува дека е 0, што значи дека станува збор за кружна орбита.
Поврзано Список на вонсончеви планети Кеплер
Наводи
Категорија:Планетарни системи Категорија:Лебед (соѕвездие) 5 Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета Категорија:Жолтобели подџинови