Кеплер-16 — систем од двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед снимен од страна на вселенското летало Кеплер. Двете ѕвезди се помали од Сонцето; првичната, Кеплер-16A, е портокалово џуџе, а втората, Кеплер-16B, е црвено џуџе. Тие се на меѓусебно растојание од 0,22 ае, и прават едно завртување околу заедничкото тежиште на секои 41 ден.
Системот е домаќин на една позната вонсончева планета во кружнодвојна орбита: односно планета со големина на Сатурн, наречена Кеплер-16b.
Планетарен систем
Кеплер-16b е гасовит џин које е во орбита околу двете ѕвезди во системот Кеплер-16. Планетата е со маса 1/3 од маста на Јупитер и малку помала од Сатурн со полупречник од 0,7538 Јупитерови полупречници, но е значително погуст. Кеплер-16b прави едно кружно движење по орбитата на секои 228,776 Денови.
Наводи
Категорија:Портокалови џуџиња Категорија:Црвени џуџиња Категорија:Повеќеѕвездени планетарни системи Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Затемнувачки двојни ѕвезди Категорија:2MASS-објекти Категорија:Црвени џуџиња од главната низа Категорија:Планетарни системи со една потврдена планета