Кеплер-33 — ѕвезда во соѕвездието Лебед со планетарен систем од 5 планети. Бидејќи ѕвездата ја има напуштено главната низа, таа има околу 161,5% од сончевиот полупречник, но само 116,4% од масата на Сонцето. Земјаќи ги предвид масата и температурата станува збор за ѕвезда, подџин. Растојанието до ѕвездата не е познато.

Планетарен систем На 26 јануари 2012 година, беше најавено дека околу ѕвездата има планетарен систем од 5 планети. Сепак, за разлика од останатите планети потврдени од мисијата Кеплер, нивните маси не се познати, бидејќи пред да се објави веста не се извршени Доплерови спектроскопски мерења. Судејќи според нивниот полупречник, b можно е да е голема суперземја или мал жежок Нептун , додека пак останатите се најверојатно жешки Нептуни.

Планетите b и c можно е да се во резонанса 7:3, бидејќи постои отстапување од 0,05 денови; постои и мало отстапување од0,18 дена при резонанса од 5:3 помеѓу планетите c и d. Останатите планети најверојатно не се во каква било резонанција, иако близу резонанса се 3d:2e и 4e:3f.

Поврзано 55 Рак Кеплер-11 Кеплер-20

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Жолти подџинови Категорија:Занимливи Кеплерови тела Категорија:Променливи ѕвезди поради планетарни премини Категорија:Планетарни системи со пет потврдени планети Категорија:2MASS-објекти