Втората фудбалска лига на Македонија 2019/2020 - 28. издание на Втората фудбалска лига на Македонија. Сезоната започнала на 24 август 2019, а завршила на 8 март 2020. Првично, било пранирано оваа сезона да биде последната сезона со по десет екипи, бидејќи од следната сезона било во план да се одржат Лигите Исток и Запад со по осум екипи.

Поради ширењето на пандемијата на COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 17 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата. На 26 мај, Федерацијата одлучила дека Првенството воопшто нема да се продолжи. Три дена подоцна, Федерацијата одлучила дека првите моментално пласирани екипи од лигите, Пелистер и Беласица, ќе бидат унапредени.

Запад

Екипи

Екипа Град / Село Стадион Капацитет Вардари1 Форино Градски стадион Гостивар1,000 Влазрими 77 Кичево Стадион Влазрими13,000 Дрита Боговиње Игралиште Боговиње500 Гостивар Гостивар Градски стадион Гостивар1,000 Кадино Кадино Игралиште Кадино1,000 Кораби Дебар Градски стадион Дебар2,500 Лабуништа 2011 Лабуништа Стадион Градска Плажа500 Охрид Лихнидос Охрид СРЦ Билјанини Извори3,000 Пелистер Битола Стадион Тумбе Кафе6,100 Скопје Скопје Стадион Железарница3,000 1 Вардари бил унапреден бидејќи го освоил баражот за унапредување, како пополнување на местото во Втора лига - Запад.

Табела

Местоположба според коло Табелата ги покажува позициите на екипите по секое завршено коло. Екипа \ Коло123456789101112131415161718192021222324252627Пелистер1532111111121111Скопје5211455854313222Лабуништа 20113325343332432433Влазрими 773376766443244344Гостивар7743234565555665Вардари10588887677666756Кораби5867678788887887Дрита2154522226778578Охрид Лихнидос89910101010101010101010999Кадино810109999999999101010 Со коси бројки се места кои го делеле две или повеќе екипи

Резултати (Коло 1–18)

<span style="color:black;"> Победа<span style="color:black;"> Нерешено<span style="color:black;"> Пораз

Дома \ ГостиВАРВЛАГОС ДРИКАД КОРЛАБ ОХРПЕЛСКОВардари0-0неод.2-03-02-21-24-13-22-0Влазрими 773-21-11-0неод.1-01-13-10-21-0Гостивар2-22-03-40-02-02-12-00-2неод.Дрита1-0неод.0-12-03-11-00-10-00-0Кадино1-20-01-13-33-11-22-1неод.0-1Корабинеод.4-02-12-14-02-12-01-22-2Лабуништа 20111-00-12-13-26-2неод.3-21-12-0Охрид Лихнидос1-01-20-1неод.3-21-10-01-51-0Пелистер2-03-10-03-12-03-0неод.2-12-3Скопје3-02-04-20-12-01-01-0неод.2-1

Исток

Екипи

Екипа Град Стадион Капацитет Беласица Струмица Стадион Благој Истатов9,200 Брегалница 2008 Штип Градски стадион Штип4,000 Каменица Саса1 Македонска Каменица Градски стадион М. Каменица2,500 Кит-Го Пехчево Градски стадион Пехчево1,200 Кожуф Гевгелија Гевгелија Градски стадион Гевгелија1,400 Осогово Кочани Стадион Никола Мантов4,000 Питу Гули Крушево АМС Могила Плачковица Радовиш Градски стадион Радовиш2,000 Победа Прилеп АМС Могила Тиквеш 1930 Кавадарци Кавадарци Градски стадион Кавадарци34,000 1 Поради реновирање на теренот на Стадионот во Штип, Брегалница 2008 одиграла еден натпревар на Градскиот стадион Пехчево (7. коло).

2 Првакот од Третата лига - Југоисток 2018/19, Дојранско Езеро, го откажал учеството во Втората лига - Исток за следната сезона. Следната екипа со можно право за унапредување, Тиверија, исто така ја одбила поканата за Втората лига. И седмо пласираниот исфрлен второлигаш од минатата сезона - Детонит Јуниор, ја одбил поканата и со тоа да се врати во второлигашкото друштво. Само Каменица Саса ја прифатила поканата и се вратила во Лигата откако била отпадната според пласманот.

3 Поради реновирање на теренот на Стадионот во Кавадарци, Тиквеш 1930 Кавадарци одиграл еден натпревар на Стадионот Зоран Паунов во Велес (15. коло).

Табела

Местоположба според коло Табелата ги покажува позициите на екипите по секое завршено коло. Екипа \ Коло123456789101112131415161718192021222324252627Беласица1223222312111111Брегалница 20082111444443222222Тиквеш 1930 Кавадарци5332111234443433Кит-Го10885555555554344Кожуф Гевгелија5744333121335555Каменица Саса7456676666666666Плачковица8997788777777777Победа4668867888888888Осогово9101010999999999999Питу Гули3579101010101010101010101010 Со коси бројки се места кои го делеле две или повеќе екипи

Резултати (Коло 1–18) <span style="color:black;"> Победа<span style="color:black;"> Нерешено<span style="color:black;"> Пораз

Дома \ ГостиБЕЛБРЕКАМКИТКОЖ ОСО ПИТПЛА ПОБТИКБеласица0-02-13-01-23-02-04-21-0неод.Брегалница 2008неод.1-11-03-05-05-02-13-00-1Каменица Саса0-32-20-33-1неод.4-13-02-00-1Кит-Го2-01-1неод.1-11-03-12-02-11-1Кожуф Гевгелија1-2неод.1-00-21-06-13-02-11-1Осогово0-21-22-51-20-41-3неод.1-00-1Питу Гули0-80-60-21-2неод.1-30-12-20-1Плачковица0-12-40-21-11-12-1неод.0-01-1Победа0-30-22-1неод.0-15-12-12-52-2Тиквеш 1930 Кавадарци1-20-24-01-00-17-15-03-1неод.

Ждрепка за унапредување (Втора лига) На 2 јули 2020 година, Федерацијата одлучила моменталните екипи на првите места во Третата лига да играат бараж за унапредување помеѓу себе (трите западни екипи во групен бараж, а двете источни екипи во бараж со еден натпревар), за да се добијат двете екипи кои ќе бидат унапредени. Но поради заразувања на неколку фудбалери со COVID-19, баражите биле откажани. Потоа, преку ждрепка, на 17 јули биле избрани Велешта за во Западот, и двете екипи конкуренти од Истокот - Росоман 83 и Слога 1934 поради откажувањето на Питу Гули.

Белешки

1. : Според првичниот натпреварувачки план, првите пласирани екипи од двете лиги требале директно да се пласираат во Првата лига, а второпласираните екипи требале да играат бараж за унапредување помеѓу себе, тој победник потоа против осмопласираната екипа од Првата лига. Последните четири од Истокот и Западот, вкупно осум, требале да испаднат.

Поврзано Фудбалски куп на Македонија 2019/2020 Прва фудбалска лига на Македонија 2019/2020 Трета фудбалска лига на Македонија 2019/2020 Општински фудбалски лиги на Македонија 2019/2020

Наводи

Надворешни врски Фудбалска федерација на Македонија MacedonianFootball.com

2019/2020 Ф Ф