Меро (англиски: Mayreau) е остров во Свети Винцент и Гренадини, дел од островската група на Гренадини.

Географија Меро е најмал населен остров во Гренадините со вкупна површина од 1.1 километар квадратен. Островот е дом на 271 жител. Населението претежно е сместено во селото Стејшн Хил, кое воедно е име и на брдо, во југозападниот дел од островот.

Островот се наоѓа североисточно од Јунион и југозападно од Кануан. Околу островот има помали ненаселени острови, односно островчињата Табаго на исток, Католик со околни три издигнати карпи и една карпа која се наоѓа северно од Меро. Во заливот Винвард се наоѓаат познатите локални топли извори.

Социјален живот Населението е релативно изолирано за разлика од остатокот на земјата. На островот се пристигнува само со брод. Електрична енергија во скоро време била поставена во селата, поточно во 2000 година. На островот има централен генератор кој се наоѓа во Салин Беј. Има еден бетонски пат на островот, кој поминува низ Слтвисл Беј. На островот има едно училиште, телекомуникациска зграда, католичка црква и пенгтакостална црква.

Наводи

Поврзано Гренадини Свети Винцент и Гренадини

Надворешни врски Меро и Тобаго на grenadines.net.

Категорија:Острови во Свети Винцент и Гренадини Категорија:Гренадини