Кронбергер 61 — маглина забележана од аматерски астроном во јануари 2011 година, додека пак поновите фотографии се снимени од страна на опсерваторијата Џемини. Маглината е именувана по австриецот Матијас Кронбергер, член на аматерската група Дип Скај Хантерс. Се претпоставува дека маглината е на растојание од 13.000 светлосни години. Тие ја забележале маглината кога набљудувале во близина на северното соѕвездие Лебед. Се очекува ова откритие да помогне да се разреши декадната дебата, за улогата на ѕвездените придружници во создавањето на структурата на планетарните маглини.

Маглината е во релативно мала област,која во моментот била испитувана од страна на вселенското летало на НАСА, Кеплер чија мисија е да најде планети и светлината од маглината се должи пред сè на двојно јонизираниот кислород.

Наводи

Категорија:Планетарни маглини Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Астрономски тела откриени во 2011 година