Лебед X-3 — рендгенска двојна ѕвезда (HMXB) со голема маса, една од посилните рендгенски двојни ѕвезди на небото. Честопати се смета дека станува збор зав микроквазар, и се верува дека станува збор за компактно тело во двоен систем кој привлекува поток на гас од обичната ѕвезда придружничка. Ова е единствениот познат двоен систем кој содржи Волф-Рајеова ѕвезда. не може да се забележи со човеково око, но може да се забележи во радио, инфрацрвени, рендгенски, и гама бранови должини.

Набљудувања

Лебед X-3 е изразит рендгенски извор, со тврди и меки рендгенски зраци кои се менуваат по јачина. Периодите во кои тврдите рендгенски зраци се во минимум се познати како меки состојби. По местоположба е на половина степен од гама-зрачен пулсар, но е слаб гама-зрачен извор. Исто така се присутни и периодични гама-зрачни блесоци, кои се присутни само во времетраењето на меките состојби.

Не може да се забележи во видливиот дел на спектарот поради крајно високото згаснување во галактичката рамнина. Сепак, постои инфрацрвен точкест извор на овие координати. Лебед X-3 е исто така забележлив како извор на ултрависокоенергетски космички зраци, со енергии во подрачја од 100 до 1000 TeV.

Поради промените во зрачењето при различни бранови должини, на Лебед X-3 му е доделена ознаката за променлива ѕвезда V1521 Лебед.

Блесоци Лебед X-3 е забележлив по своето интензивно рендгенско оддавање и ултрависокоенергетските космички зраци, но исто така се издвојува и по радио и гама-зрачните блесоци, и во тие моменти е најсјаниот радиоизвор во Млечниот Пат. Гама-зрачните блесоци се случуваат во тивкиот радио период пред да се случи радио-блесок.

За време на џиновските радио-блесоци, сезабележува релативистички млаз на околу од линијата на гледање од Земјата.

Двоен систем Лебед X-3 покажува постојани промени низ ситте бранови должини во период од . Природата на инфрацрвениот спектар и оддавањето на рендгенски зрации се толкува како двоен сситем кој содржи Волф-Рајеова (WR) ѕвезда и компактна ѕвезда. промените на се толкуваат како затемнувања, но се мсили дека ова е неверојатно бидејќи нема доволно добро дефинирани падови во сјајноста.

Орбитата на двојниот систем не е точно позната, се знае само периодот. Што пак значи дека и масите на составниците остануваат непознати.Анализите на орбитата укажуваат дека масата на компактната ѕвезда е помала од , најверојатно околу . Можно е да станува збор за неутронска ѕвезда но поверојатно е да станува збор за црна дупка. Оваа комбинација на WR-ѕвезда и црна дупка е единствениот познат пример.

Иако комбинацијата на WR-ѕвезда и компактна ѕвезда е единствен, WR-составницата најверојатно брзо в астрономи период ќе стани црна дупка. Се очекува во следните милион години да се случи супернова или пак директно да стане црна дупка. Сепак, моделирањето на системот Лебед X-3 постои голема веројатност при експлозија на супернова да се наруши двојниот систем.

Настаните проследени со космичко зрачење од Лебед X-3 претходно довело до некои егзотични предлози како на пример ѕвезда составена од кваркови, но денес се знае дека се создадени во релативистичките млазови. Објаснувањето за невообичаената поврзаност меѓу рендгенските зраци и радио и гама-зрачните блесоци е во создавањето на релативистички млазови од страна на компактната ѕвезда по должината на оската на вртење, во густиот ѕвезден ветер на WR-ѕвездат. Овие млазови отстрануваат дел од ѕвездениот ветер кога минуваат во тврдата состојба, а подоцна се потиснати од стрна на ветрот кога се во меката состојба. Блесоците се добиваат кога е случува премиот во тврдата состојба и млазовите заемнодејствуваат со ѕвездениот ветер.

Растојание

Лебед X-3 се наоѓа во насока на здружението Лебед OB2 во областа Лебед X, иако е многу подалеку неговото растојание се пресметува релативно во однос на Лебед OB2 преку изучувањето на рендгенскиот ореол создаден од прашината меѓу нас и Лебед X-3. Растојанието до Лебед OB2 не епрецизно определено, но овој меотд дава можно растојание за Лебед X-3 од или .

Постои мал рендгенски извор на од Лебед X-3 кој се менува со текот на времето со фазно доцнење од околу . Се мисли дека станува збор за глобула на исто растојание како и Лебед X-2. Користејќи молекуларно линиско оддавање за ова тело, се добиваат две можни растојанија и . Статистичката средина изнесува .

Поврзано Список на најблиските црни дупки

Наводи

Надворешни врски Cygnus X-3 and its Little Friend Chandra X-Ray Observatory A stellar circle of life near Cygnus X-3 Astronomy Now Waiting for Cygnus X-3 NASA

Категорија:Ѕвездени црни дупки Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Микроквазари Категорија:Рендгенска астрономија Категорија:Астрономски рендгенски извори Лебед, V1521 Категорија:Волф-Рајеови ѕвезди