Ова е список на српски поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.Narodne poslovice. Beograd: Rad, 1964.

Поговорки Жив човек сè ќе направи. Жали ме жив, а немој мртов. Живеј просто, ќе доживееш и сто. Сè во свое време. Секој човек човек има свои маки. Тешко на оној кого го жалат. Подобро чесно да се умре, отколку нечесно да се живее. Смртта е измамничка. Долг јазик, краток живот. Царот може многу, а смртта уште повеќе. Смртен бил, па и умрел. Богатството не ја брка смртта. Не е лесно душата да ја испуштиш. Чесната смрт го прославува целиот живот. Кога е мака, тогаш и се кука. Овој век - како снег. Младиот може, а стариот мора да умре. Без здравје нема богатство. Чистотата е половина здравје. Додека човекот е здрав, и водата му е слатка. Весело срце - половина здравје. Кој ја крие болеста, му нема лек. Болниот се прашува, а на здравиот му се дава. Кој е здрав, не ги брои годините. Ѕидот го урива влагата, а човекот грижата. Здравиот на болниот не му верува. Оцетот најмногу го гризе своето буре. Секоја кашлица не доаѓа од студот. Здравите заби се белег на длабока старост. Паднала мувата на мечката. Кратка вечера, долг живот. Не можат сите рани да се лечат со еден мелем. Р'ѓата го јаде железото, а тагата срцето. Кашлицата и сиромаштијата не можат да се сокријат. Најлошо е болен оној кој не чувствува каде го боли. Здравјето лесно се губи, но тешко се добива. Лесно му е на здравиот да го советува болниот. Нема полоша болест од гладот. Жени го синот кога сакаш, а девојката мажи ја кога можеш. Плаче огнот, се родила девојка. Од првата среќа не се бега! Цигу-мигу за три дена, куку леле до века! Жешки се мајчините солзи. За омажената ќерка и за продадената куќа има многу муштерии. Фали му се на туѓинецот, а на својот пожали му се. Ни вода ни вино. Чуму ти е нивата кога род не дава? Хранителот е како родител. Иверката не паѓа далеку од огништето. Ниту јас не сум репа без корен. Човекот сака да е подобар од секого, а од синот да е полош. Не носи несој во сој. Колку што има бели врани, толку има добри маќеи. Не стои куќата на земјата, туку на жената. На пушката, на коњот и на жената не треба да им се верува. Помогни му боже на неженетиот, а на оженетиот има кој. Кој нема сокол, се радува и на кукавица. Жената ќе ја сочува само онаа тајна која не ја знае. И змијата е убава, ама е лоша. И браќата се караат. Од лош род нека нема пород! Раните птици одлетуваат. Валканата облека дома се пере. Нема куќа без лош домаќин. Ако ја тепаш жената, ја тепаш својата среќа. Без жената нема ни среќа ни несреќа. Брак без деца, ден без сонце. Јаболкото што ќе созрее доцна, долго стои. Од самотијата нема ништо полошо. Тешко на оној кој се жени со очите, а не се жени со ушите. Тешко на куќата со млад старешина, а на овците со стар овчар. Од туѓата свеќа мене не ми се гледа. Лоша куќа, вечен затвор. Кајшто нема жена, нема ни куќа. Жените се да зборат, а мажите да творат. Жена, оган, море, не се знае што е полошо. Жената е мака без која не се може. Никој не е помил од мајката. Своја куќичка, своја слободичка. Мали деца, мала грижа, големи деца, голема грижа. Куќниот праг е највисоката планина. Додека детето не заплаче, мајката не го сеќава. Што прават децата? Тоа што го гледаат од таткото. Гледај ја мајката, па земи ја ќерката. Кај стар татко, сироти деца. Мајката тепала, мајката мила. Во најголемата неволја, човекот најпрвин мајката ја споменува. Очите се прозорец на срцето. Додека цути липата, преполна е со пчели. Ловците се за да ловат, а потполошките за да бегаат. Љубовта е почеток и на доброто и на злото. Љубовта е убава, ама слепа. Зајакот од шумата и љубовта од луѓето не излегуваат никогаш. Надвор од очите, надвор од срцето. Љубовта е полна и со мед и со јад. Слободната коза волкот ја јаде. Со мек образ, стомакот до носот. Стариот трупец повеќе гори кога ќе се запали. Пчелата не збира мед од еден цвет. Подобро е во колиба да пееш отколку во дворец да плачеш. Млад ерген, стар просјак. На младата вдовица и на старата девојка и садовите по куќата им пречат. Повеќе ја сака туѓата р'ѓа отколку својот мед. Од каде што е жената, оттаму и говедата се мили. Пријателите се познаваат во невоја, како златото во огнот. Гради куќа на секое место. Потешко е пријателството да се задржи отколку да се започне. Со кого се тепам, со него вино не пијам. Не дава оној што има богатство, туку оној што има срце. Кај сто пријатели - без пријател. Еден, ама вистински пријател. Кој му простува на непријателот, добива пријател. Лутиот човек не го задржува пријателот. На најмилиот гостин - три дена му се доволно. Како што влече срцето, така плачат очите. Туѓата кокошка изеди ја, својата врзи ја за ногата. На подарениот коњ не му се гледаат забите. Секому својата песна му е мила. Додека има мед, ќе има и муви. Кај стариот крвник нема нов пријател. Не дај боже со погани да се спријателиш. И бог ќе ни прости, а Турците нема да нè разберат. Не барај пријател на трпезата, туку на вратата од затворот. Некому мајка, некому маќеа. И кога ќе се излечи раната се познава белег. Кој бара пријател без маана, ќе остане без него. Зборот сече како меч. Човекот не се жали толку од непријателот колку од пријателот. Будалиот на подарокот му се радува. Понуден исто како почестен. Најголема чест е добрата волја. Убав збор и грст слама - доволно е. Одбрани ме, боже, од лудите пријатели, а од непријателите сам ќе се одбранам. На неповиканиот гостин, местото му е крај вратата. Ситиот гостин тешко е да се почести! Никој не може да ти помогне кога самиот си свој непријател. Ниту во морето мера, ниту во мажот вера. Слогата во семејството е најголема среќа. Никогаш слогата не изгубила. Тешко на домот во кој нема слога. Кајшто нема слога, таму нема куќа. Инаетот е несреќен занает. Кај што има неслога не помага задругата. Без слога нема слобода. Сложни браќа и во петок јадат месо. Збор за збор, па за вратовите. Шепотот куќата ја урива. Договорот куќа гради. Се карале жените за туѓото теле. Од слободата нема поголемо добро на светот. Секоја земја по еден јунак храни. Човекот без слобода е како рибата без вода. Во борбата живот, а во работата спас. Стравот и куциот го крева на нозе. Без жртви нема слобода. Човекот е потврд и од дрво и од камен. Еднаш се раѓа, еднаш се умира. Во неволја не треба да се плаче, туку лек да се бара. Кога е војна, никој никому не му е брат. Златен синџир слобода не дава. Кој сака војна, нека ја има дома! Војната е како облак, некого оросува, а некого покосува. Стапот има два краја. Со глава ѕид не се пробива. Секоја мака не е до века. Јунаковата мајка најпрвин заплакува. Искрата прави голем оган. Најмногу луѓе умираат в кревет, а од креветот никој не се плаши. Света е одмаздата. На непријателот кој бега прави му широк пат. Лесно е покрај чашата да се биде јунак. По битката, копјето в трње. Покорната глава сабја не ја сече. Кој многу се заканува, од него не плаши се. Лесно е со туѓи раце за жешко железо да се фаќаш. Не се гине повеќе од еднаш. Кој многу се плаши од ветрот, нека не оди на море. Каде има јунаци - лелекање; каде има девојки - таму пеење. На маката се познаваат јунаците. Мртвиот лесно можеш да го исечеш. И пчелата, бранејќи го своето, животот го губи. Златото во огнот се испробува, а човекот во неволјата. Подобро е чесно да се умре, отколку срамно да се живее. Никогаш и никаде утката не испилила сокол. Стојановата мајка плаше, а Бегановата се радува. Нема одмазда без луд брат. Кој се мачи, тој ќе се измачи. Нема волк по кого не лаат кучињата. Страшливецот се заканува, сиракот колне, а слабиот плаче. Плашливиот пес многу лае. Од мирот глава не боли. Добриот јунак не умира дома. Нема јунак без опинок. Нема полза од мртов јунак. Мртвиот орел не може да лета. Младите во битката, а старите во советот треба да се слушаат. Страшливецот дома си доаѓа. Кој самиот се советува, самиот и гине. Тешко на светот кога лудите ќе се појуначат. Тешко земјата по која ќе помине војска. Стекна слава, а загуби глава. Роб секогаш, гроб никогаш. Подобро гроб отколку роб. Војната еден обогатува, а илјада упропастува. Во стравот се големи очите. Од две смрти никој не гине. Истепаниот пес и од најмалиот камен се плаши. Железото сече и дрво и камен, а и него р'ѓата го јаде. Кој сака да живее во мир, треба да молчи и да трпи. Пред да се смири ветрот, тогаш најсилно дува. И глув и слеп треба да бид еоној кој сака да живее во мир. Кој сече со меч, од меч гине. Не му е грижа на орелот што јато врапци вика на него. Лавицата раѓа едно, ама лав. Бесен јунак - крвав нос. Ако е гол, ама е сокол. Стравот нема образ. На песот што бега секој му вика. Од изобилство светот не гине. Еден мртов стотина живи плаши. Од полната пушка се плаши еден човек, а од празната двајца. Правдата ќе исплива. Над силата, силата е правда. Двајца без душа, а третиот без глава. Од кантарот подобар кадија нема. Чија е силата, негова е правдата. Одземено - проклето. Никој не може себеси да си биде судија. Со една рака дава, а со две зема. Виновникот и од сенката се плаши. Мртвата уста не зборува. Да беше паметта од судот како што беше до судот! Правдата одамна погинала. Лесно е вината на мртвиот да му се префрли. Една штета, илјада гревови. Во правото дрво громот повеќе пука. Секој сака правда, ама не во својата куќа. Ако знаеш што ти било, не знаеш што ќе ти биде. Ако можам да ти купам капа, не можам памет. Изгорениот кашата ја лади. Лошо е кој не знае, а не сака да научи. Од невештиот и гората плаче. На туѓата будалштина се смееме, а од својата не се срамиме. Блазе си му она оној што нема памет. Добра е замислената, но уште подобра размислената. Додека стебленцето е тенко треба да се исправува. Целата мудрост не е во еден човек. Слушај го мудриот збор на постариот. Со будалата нема шега. И мудрите некогаш грешат. Подобро е да се умее отколку да се има. Паметниот мисли што зборува, а лудиот зборува што мисли. Подобро е да имаш во главата отколку во сандакот. Утрото е помудро од вечерта. Подобро е да измериш, па да кроиш. На волкот не треба шумата да му ја покажеш. Младите волови учат да ораат од старите. Со мера мери, а со цена цени. Коњите се мерат со педи, а луѓето со паметта. Без мака нема наука. Маката и неволјата го учат човекот. Базе си му на оној кој ќе се опамети од туѓата штета, а тешко на оној кој мора од својата. Полека, но сигурно. Додека мудрите се надмудруваа, дотогаш лудите се наижуваа. Слепецот за патот и будалата за совет не треба да се прашува. Човекот учи додека е жив, па повторно луд умира. Додека детето не падне, не може да научи да оди. Ако знаеме каде сме се родиле, не знаеме каде ќе умреме. Тешко на нозете под лудата глава. Каде што има многу смеа, има малку памет. И луѓето послушај ги, и својта памет имај. Оној е мудар кој умее да биде и луд и паметен. Испечи па речи. Кој оди полека, далеку стигнува. Кој прашува за патот, не заскитува. Остарел, а памет не стекнал. Кој нема во главата, има во нозете. Пет занаети, десет неволји. Тоа го знае и пијаната врана. Кој многу зборува - или многу знае или многу лаже. Тоа за него се шпански села. Не знаеш, мајко, колку е тешко дете да родиш. Кој умее, нему две. Јас умеев а немав; ти имаше а не умееше - исто е. Кој многу искусил, многу и препатил. Кој многу ги менува мајсторите, ќе остане калфа. Лесно е мудрите да ги советуваш. Тешко на оној кој оди по туѓата памет. Кога главата е луда, целото тело страда. Еден човек не може сè да знае. Ни стар бербер ни млад лекар не барај. Лета како ждребе пред рудата. Забите се граница на јазикот. На очите треба повеќе да им се верува од ушите. Однеси го магарето во Стамбол - магарето пак е магаре. Лесно е плитка бара да заматиш и будалата да го налутиш. Нагаѓањето не е погаѓање. На мудрата глава едно око ѝ е доволно.