Третата фудбалска лига на Македонија 2019/2020 - 28. издание на Третата фудбалска лига на Македонија.

Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Третата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.

Прваци не биле прогласени, а на 17 јули 2020 година, преку ждрепка биле одлучени моменталните екипи на првите места да бида извлечени за да бидат унапредени во Втората лига.

Запад

Сезоната започнала на 21 септември 2019, а додека сè уште траела зимската пауза, била прекинато натпреварувањето во март 2020.

Југозапад

Сезоната започнала на 1 септември 2019, а завршила на 12 март 2020.

Север

Сезоната започнала на 15 септември 2019, а додека сè уште траела зимската пауза, била прекинато натпреварувањето во март 2020.

Југоисток

Сезоната започнала на 14 септември 2019, а додека сè уште траела зимската пауза, била прекинато натпреварувањето во март 2020. Поради укинувањето на повеќето источни општински фудбалски сојузи, била суспендирана Третата лига - Исток. Нејзините екипи учесници се приклучиле во југоисточниот фудбалски регион.

Центар

Сезоната започнала на 1 септември 2019, а завршила на 8 март 2020.

Ждрепка за унапредување (Втора лига) На 2 јули 2020 година, Федерацијата одлучила моменталните екипи на првите места да играат бараж за унапредување помеѓу себе (трите западни екипи во групен бараж, а двете источни екипи во бараж со еден натпревар), за да се добијат двете екипи кои ќе бидат унапредени. Но поради заразувања на неколку фудбалери со COVID-19, баражите биле откажани. Потоа, преку ждрепка, на 17 јули биле избрани Велешта за во Западот, и двете екипи конкуренти од Истокот - Росоман 83 и Слога 1934 поради откажувањето на второлигашот Питу Гули.

Ждрепка за унапредување (Трета лига) По прекинатото првенство, екипите кои завршиле на првите места во северните лиги добиле право преку ждрепка да бидат унапредени во Третата лига. Екипите кои биле избрани биле Аеродром 2018, Башкими 1947, Њу Старс.

Поврзано Фудбалски куп на Македонија 2019/2020 Прва фудбалска лига на Македонија 2019/2020 Втора фудбалска лига на Македонија 2019/2020 Општински фудбалски лиги на Македонија 2019/2020

Наводи

Надворешни врски Фудбалска федерација на Македонија MacedonianFootball.com

2019/2020 Ф Ф