мини|250п|Мостот на ЕО3 преку Витивјанското Езеро на р. Бистрица во Кожанско. Државен пат 3 или ЕО3 () — пат во Грција. Го поврзува градот Елевсина кај Атина со граничниот премин Негочани (Ники) кон Македонија. Минува низ Лариса и Лерин. Од Негочани, правецот продолжува по автопатот М5К за Битола. ЕО3 е меѓу најдолгите патишта во Грција, и сè до 1960-тите бил главна сообраќајница од Лариса за Солун. Денес до ова одредиште побргу се стасува по автопатот А1. Најголемиот дел од ЕО3, со исклучок на најјужниот дел меѓу Елевсина и Бралос, е дел од Европскиот пат Е65. Минува низ областите Атика, Централна Грција, Тесалија и Егејска Македонија и долг е 500 км.
Развој Кон крајот на 1980-тите изградени се патни заобиколници околу градовите Троново и Еласона, но во 2002 г. е поднесен предлог целиот пат да се преуреди во нов автопат, кој би одел од Лариса до Кожани, а потоа преку македонската границата во Битола. Во текот на 2000-тите вака преуредени се делниците северно од Лариса, преку Кожани, па до Кајлари. Сите други зафати за надградба на патот се откажани; на нив не се работи и нема најави за нивно продолжување.
Населени места Ова се населените места со свои излези на патот, наведени по возен редослед од запад кон исток:
Елевсина Мандра Теба Ливадија Ламија — заобиколница Фарсала Лариса Трново (Тирнавос) — заобиколница Еласона — заобиколница Кожани (Козани) — заобиколница Кајлари (Птолемаида) — заобиколница Лерин (Флорина) Негочани (Ники)
Наводи
Категорија:Патишта во Грција Категорија:Патишта во Егејска Македонија