Свети Константин и Елена — црква во селото Беранци. Црквата се наоѓа во северниот дел од селото.
Историја Од прикачената мермерна плоча во дворот на црквата се забележува дека истата била осветена на 23 август 2003 година.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна и шеснаесетаголна купола. Секоја втора страна на куполата е со поголема површена и содржи по една монофора, а една монофора има и на јужната страна на храмот. Главниот влез е сместен на западната страна. Објектот е изграден од тули и е покриен со лимен кров. Дворот на црквата е ограден со железна ограда и во него има мермерна плоча со податок за осветувањето на црквата и дарителот.
Галерија
Поврзано Црква „Св. Атанасиј“ - Беранци Црква „Св. Јован Крстител“ - Беранци Беранечки манастир Беранци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија
Надворешни врски
Категорија:Беранци Беранци