Државен пат 1 или ЕО1 () — стар пат со две ленти кој води од Атина за Солун, и ја поврзува државата со Македонија преку граничниот премин Мачуково (Евзони). Денес во најголем дел е заманет со автопатот А1, и е ограничен на месна употреба. Долг е вкупно 605 км.
Првобитен правец Според службениот весник од 1963 г. ЕО1 води од Атина до југословенската граница во Мачуково, минувајќи низ следниве места од југ кон север:
Атина - Центар Декелија Свендали (за Малакаса) Мартино Аталанти Камена Вурла Термопили Ламија Стилида Алмирос Велестино (за Волос) Лариса, Темпи Катерина (Катерини) Гида (Александрија) Илиџиево (Халкидона) Топчиево (Гефира) Ругуновец (Поликастро) Мачуково (Евзони)
Патот денес Денес автопатот А1 го зазема речиси целиот првобитен правец на EO1, но државниот пат и понатаму минува напоредно на А1 за потребите на неавтопатниот сообраќај. Западно од езерото Тополија (Илики) има прекин во патот, поради што сообраќајот мора да кружи преку Теба и Алиартос, и да се приклучи на ЕО3. Покрај тоа, самиот граничен премин Мачуково прима само автопатен промет.
Поврзано Автопат 1 (Грција)
Наводи
Надворешни врски Премиерот Константин Караманлис го отвора новиот пат од Ламија за Атина — киножурнал од 29 август 1963. Државен аудиовизуелен архив
Категорија:Патишта во Егејска Македонија Категорија:Патишта во Грција