Свети Архангел Михаил — црква во селото Долно Српци. Црквата се наоѓа во крајниот источен дел од селото, на височина која ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја Црквата била ограбена ноќта меѓу 31 август и 1 септември 2019 година, кога од неа биле одземени пари и вредни предмети.„Ограбена црквата Св. „Арангел“ во Долно Српци, Битолско “. Фокус. 3 септември 2019.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна и над него има фреска во лоша состојба на која е прикажан Архангел Михаил. На јужната страна има спореден влез, како и еден прозорец. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и помошен објект.
Галерија однадвор, помошниот објект и селските гробишта
Царските двери
Поврзано Црква „Св. Теодор Тирон“ - Долно Српци Долно Српци Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Беранечка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Долно Српци Долно Српци