Клисе Баир — археолошко наоѓалиште во виничкото село Градец. Претставува некропола од римско време. Се наоѓа на североисточниот крај од селото, во непосредна близина на училиштето, каде што се откриени две могили. Едната е со пречник на основата од 40 м и висина од 8 м, а другата со пречник на основата од 20 м и висина од 4-5 м. Оддалечени се една од друга околу 20 м.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Бедеш — средновековна населба; Виничка Река — населба од доцноантичко време; Градец — депо на монети од средниот век; и Градиште — населба од доцноантичко време.

Наводи