Миески нимфеј () или Аристотелово училиште — храм на нимфите во древномакедонскиот град Миеза во Негушко, Егејска Македонија, денес во Грција.
Светилиштето е откриено во месноста Извори, 2 км источно од градот Негуш и западно од селото Копаново во областа Сланица. Според Плутарх во Нимфејот кај Миеза било училиштето на Аристотел, во кое три години учел Александар Македонски: лево|мини|Аристотел и Александар во училиштето. Гравура на Шарл Лаплант, 1866 г.
Во светилиштето има три природни пештери и двокатен портик со јонски столбови во облик на буквата П. Во вертикалните карпи се забележуваат лежиштата на покривопотпорните греди, е заднината на стоата, во која Аристотел држал предавања за „етичките и политичките учења“, изградена околу 350 г. п.н.е.
Во 2012 г. нимфејот е прогласен за споменик на културата. Денес крај остатоците од Нимфејот има културен центар со изложбена сала, просторија за состаноци и ресторан.Културен центар — Аристотелово училиште
Поврзано Копаново Миеза
Наводи
Надворешни врски Портал за Аристотеловото училиште
Категорија:Споменици на културата во Негуш (општина) Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Аристотел Категорија:Миеза