Октреотид е октапептид кој врши имитирање на активноста на соматостатинот, но исто така е и попотентен инхибитор на хормонот за раст, гликагонот и инсулинот во споредба со соматостатинот. Првпат бил синтетизиран во 1979 од страна на Вилфред Бауер.

Се користи во третманот на тумори кои создаваат вишок на хормон за раст (гигантизам и акромегалија) и каде хируршка интервенција е контраиндицирана, питуитарни тумори кои секретираат тиреостимулирачки хормон, акутна хеморагија од езофагеални варицеси кај хепатална цироза.

Категорија:Циклични пептиди Категорија:Лекови Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Октапептиди