Драмска гробница () — древномакедонска гробница од III век п.н.е. во градот Драма, Егејска Македонија. Се наоѓа на улицата „Троја“ бр 1. Претставува монументална гробница од македонски тип, чиј стил е својствен за последните десетилетија на III век до средината на II век п.н.е. Се состои од спустен влез (дромос), предодаја и погребална одаја. Во предодајата има зачувани ѕидни живописи, на кои се имитираат ѕидарија, биковски глави и шестолисни розети. Во погребалната одаја се откриени три ѕидани саркофага. Во неа се најдени артефакти како монети, накит и керамика. Гробницата била поставена на самата источна граница на древниот град Драма.
Поврзано Драмски арехеолошки музеј
Наводи
Категорија:Древномакедонски гробници Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Драма (град) Категорија:Древномакедонска култура