мини|десно|Поглед на Калемегдан Калемегдан (српски: Калемегдан / Kalemegdan) е парк - тврдина, и урбана, но ненаселена населба на Белград, главниот град на Србија. Се наоѓа во белградската општина Стари Град, на десниот брег на Сава, на местото каде оваа река се влева во Дунав. Основните ѕидини гледаат кон Земун и Нов Белград. Тврдината е градена во периодот од 13 до 19 век, при што секој од освојувачите градел сопствен дел.
Името Калемегдан се однесува на висорамнинката на која се наоѓа тврдината, додека тврдината била главно воено упориште на Белград, служело за надбљудување на непријателот при борба, затоа неговото име потекнува од турските зборови кале - поле и мегдан - борба. Турците го нарекувале и Фиќир-бајир што значи „брег за размислување“.Калемегдан - BG-Info.org
Тврдината е трансформирана во парк во 19 век. Денес, таа е важен историско-културен комплекс.
Историја мини|десно|Предвечерје на Калемегдан, октомври 2019 година мини|десно|Ново шеталиште, зимата 1928/29 Преуредувањето на паркот започнало по предавањето на тврдината на Србите во 1867 година, по наредба на кнезот Михајло Обреновиќ III. Идејните скици за уредување на Калемегдан ги направил првиот белградски урбанист, Емилијан Јосимовиќ. Зеленилото било засадено меѓу 1873 и 1875 година, кога со тврдината командувал полковникот Драгутин Жабарац, некогашен прв аѓутант на кнезот Михаило Обреновиќ.
Планското уредување на Калемегдан започнало во 1890 година. Тогаш војската го предала паркот на белградската општина. Тогашниот претседател на општината, Никола Пашиќ, го одобрил првиот кредит за уредување на Калемегдан, во износ од 10.000 тогашни динари. Во 1905 година започнало проширувањето на паркот со уредувањето на Мал Калемегдан, што се протегал од павиљонот „Цвијета Зузориќ“ до Зоолошката градина.
Пред Првата светска војна Калемегданскиот парк завршувал на местото каде денес има камени скали кои водат кон долната тераса. Земјиштето зад овие скали сè до 1929 година било потполно неуредено и обраснато со коров. По 1931 година, паркот бил проширен и на Горниот град. Во паркот се поставени многу споменици.
На Калемегдан се наоѓаат: Воениот музеј, уметничкиот павиљон „Цвијета Зузориќ“, Градскиот завод за заштита на споменици на културата, Зоолошката градина, римскиот бунар, детски забавен парк, Гробница на народните херои на Калемегдан, голем број на спортски игралишта и угостителски објекти и Музејот на природата.
Во септември 2010 година на Калемегдан поставена е јапонска чешма како благодарнсот на народот на Јапонија.
Калемегдан како тема во уметноста и во популарната култура „Калемегдан“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Стерна. Скопје: Мисла, 1966, стр. 13-14. „На Калемегдан“ (српски: Na Kalemegdanu) — песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 14. „На Калемегдан“ (српски: На Калемагдану) — песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.Владислав Петковић-Дис, Песме. Београд: Рад, 1960, стр. 83-84.
Наводи
Галерија
Надворешни врски
Калемегдан Комплетен водич низ Србија Калемегдан Виртуелна прошетка низ Калемегдан
Категорија:Калемегдан Категорија:Стари Град (Белград) Категорија:Паркови во Белград Калемегдан Категорија:Турцизми