мини|200п|Чизми Чизми се предмет за облекување, кој служи за заштита на стапалото но и подклолениците од надворешните влијанија. Во суштина тие се вид на чевли, чија основна одлика е поголема длабочина.
Историја
мини|200п|Чизми пронајдени во Кина, датираат од околу 220 г.п.н.е Најраните чизми биле составени од два дела, долниот кој бил споредуван со обичните чевли и горниот направен од некој потопол материјал. Околу 1000 година пред новата ере, овие два дела се составиле и така настанале денешните чизми. Секако развојот на чизмите се долгува на народите кои живееле на крајниот север пред сè на Русите, но и на Скандинавците и други. Во 17 век во Европа чизмите добиле пред сè војнички стил. Во новото време тие стануваат и моден детал па се развиваат чизми со потпетица.
Видови
Чизмите во зависност од намена можат да се прават од најразлични материјали: кожа, волна, платно, гума, синтетички материјали и др. По големина чизмите можат да бидат: надколенки, подколенки и плитки чизми. Исто така постои и поделба според намената, односно на места на кои можат да се користат. Со оглед на конструкцијата и доколку се користат соодветни материјали чизмите можат да бидат и заштитни пред сè во градежништвото, кај пожарникарите и слично.ekapija - Vatrogasci Hong Konga u pirotskim čizmama - korporacija "Tigar" ulaže u fabriku za reciklažu otpadnih guma i novu fabriku hemijskih proizvoda
Чизмите како мотив во уметноста и во популарната култура „Човекот и чизмите“ — кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс.Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 96-97. „Моите чизми“ — песна на полскиот поет Тимотеуш Карпович.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 200. „Итар Пејо со туѓи чизми на оро“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 62-63. „Ракија во чизми“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 590-591. „Шпански чизми“ (англиски: Spanish Boots) — песна на англискиот рок-музичар Џеф Бек (Jeff Beck) од 1969 година.Jeff Beck Group - Spanish Boots - YouTube (пристапено на 23 април 2018) „Самовилите носат чизми“ (англиски: Fairies Wear Boots) — песна на британската хард-рок група Блек сабат (Black Sabbath) од 1970 година.DISCOGS, Black Sabbath – Paranoid (пристапено на 31 август 2019) „Чизми од шпанска кожа“ (англиски: Boots Of Spanish Leather) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.DISCOGS, Bob Dylan – The Times They Are A-Changin' (пристапено на 7.7.2023) „Валкани чизми“ (англиски: Dirty Boots) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1990 година.DISCOGS, Sonic Youth – Goo (пристапено на 22 јули 2019)
Галерија
Наводи
Категорија:Чевли Категорија:Мода Категорија:Предмети Категорија:Турцизми Категорија:Обувки