Загар или Свети Захарија (, Агиос Захаријас, до 1927 г. Ζαγάρι, Загари;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζαγάρι -- Άγιος Ζαχαρίας или Sfantu Zaharie; ) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Иако не се води како населено место, според сознанијата на Симовски од 1998 г. месноста се користи од Власи како колибарска сточарска населба во летниот период. Од селото денес останала само црквата „Св. Захариј“ од крајот на XVI век.
Географија Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, западно од Нестрам и 40 км југозападно од Костур. Лежело на северните падини на планината Грамошта близу албанската граница, до извор на една од притоките на реката Бистрица.
Историја Во 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
По уништувањето на Линотопи во 1769 г. во Загар се населиле муслимани, кои ја претвориле црквата „Св. Захариј“ во џамија. Во 1900 г. димотичкиот митрополит Филарет напишал дека во селото Загар живеат 16 муслимански семејства. Во 1928 г. Панделис Цамисис напишал дека жителите на селото зборуваат албански како главен јазик, и само малку грчки, како и дека водат потекло од Линотопи, каде се потурчиле.
За време на Илинденското востание во почетокот на септември 1903 г. Загар го нападнала големата чета на Васил Чакаларов кој водел борба со тамошниот башибозук.Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65. Во грчка статистика од 1905 г. селото е претставено како македонско, со 90 жители.
За време на Првата балканска војна Загар е окупиран од грчката војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоен кон Грција. Населението го напуштило селото во текот на војните, па затоа во 1913 г. селото не се спомнува како населено место. на пописот од 1920 г. Загар се води како село со 66 жители. Во 1927 г. е преименуван во Агиос Захаријас. Следната година, во 1928 г. во него е заведен 31 жител, но понатаму веќе не се води како населено место и до денес останува колибарска населба.
Поврзано Црква „Св. Захариј“ Нестрамкол
Наводи
Надворешни врски Во манастирот „Св. Захариј“ — „Кибероцарка“
Категорија:Историски села во Нестрам Категорија:Грамошта