Лесково (, Трија Елата; до 1925 г. Λέσκοβο, ЛесковоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λέσκοβο -- Τρία Έλατα) — поранешно гевгелиско село во Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Меглен во областа Централна Македонија, Грција. Конечно е напуштено за време на Грчката граѓанска војна, а од него денес останале само делови од црквата „Св. Мина“. До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓало високо на планината Пајак, во долината на реката Бистрица (Пајачка), околу 10 км североисточно од Капињани.

Историја Во Отоманското Царство Лесково за првпат се спомнува во османлиски документ од 1491 г. Романскиот автор од Прилеп Теодор Капидан сметал дека неговите жители биле по потекло Власи, но дека биле целосно помакедончени.

Кон крајот на XIX век Лесково било големо македонско село во Гевгелиската Каза. Жителите традиционално се занимавале со производство на дрвен јаглен, со кој ги снабдувале светогорските манастири.Бабев, Иван. Ениджевардарският край /Природо-географска среда и стопански условия/, – во: Бабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 118.

Од 1875 до 1893 г. месниот свештеник Ѓошо Колев составил грчко-македонски речник напишан со грчко писмо. Во 1897 г. лесковчаните го истерале грчкиот воденски владика Николај од својата црква, а следната година отвориле народно училиште предводени од селските првенци Георги Ташев и свештеникот Стојчо Јанчев.Младенов, Кирил. Областта Меглен в Македония, Историко-етнографски преглед и народностни борби, София 1936, цит. по Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, т. 2, София 1992, с. 306Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.

Во селото во 1895-96 г. е основан комитет на ВМРО на чело со раководителот Јане Кулов.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560 Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1. Во октомври 1897 г. револуционерниот комитет е зајакнат со дејството на Аргир Манасиев (учител во Смоквица) и Пере Тошев.Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 354.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Лесково живееле 650 Македонци христијани. Малку подоцна период Милоевиќ во селото завел 150 македонски куќи.

Според егзархиската статистика, селото броело 540 Македонци. Повеќето биле под врховенството на Бугарската екзархия. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) в 1905 година во Лесково (Лясково, Liaskovo) имало 640 Македонци под егзархијата и 80 Македонци потпаднати под Цариградската патријаршија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 194 – 195.

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. двајца лесковчани се пријавиле како доброволци во Македонско-одринските чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 859.

Потпаѓање под Грција За време на војната, селото е окупирано од грчки единици, и по Втората балканска војна е припоено кон Грција. Пописот од истата 1913 г. наведува население од 592 (или 492) жители, кое се намалило на 523 во 1920 г. Со грчко-бугарската размена на население во 1924 г. поголем дел од лесковчаните се принудно иселени во Бугарија и сместени во напуштените живеалишта на Грците Кариоти — 35 семејства во Јамбол, 25 во Кавакли (Тооловград), 15 во Голем Манастир, 8 во Софија, 4 во Петрич и 3 во Мал Манастир.Младенов, Кирил. Областта Меглен в Македония, Историко-етнографски преглед и народностни борби, София 1936, цит. по Етнография на Македония. Извори и материали в два тома, т. 2, София 1992, с. 300. Според други податоци, преселниците од Лесково во Голем Манастир броеле 36 семејства — Райчевски, Стоян. Източна Тракия. История, етноси, преселения XV-XX век, София 2002, с. 254. На нивно место во Лесково биле доселени грчки бегалци од Понд и населбата станала мешана, значајно во полза на дојденците. Во 1925 г. Лесково е преименувано во Трија Елата (со значење „три елки“). Според пописот од 1928 г. селото имало 162 жители, од кои 45 македонски староседелци и 117 грчки дојденци. Во 1940 г. населението на Лесково броело 146 лица, од кои повеќе од половината биле Македонци, бидејќи дел од дојденците во меѓувреме го напуштиле селото.

Во Втората светска и Граѓанската војна Селото е опожарено од германската војска на 6 мај 1944 г. заедно со Голема Ливада бидејќи овие села биле прибежишта и складови за единиците на ЕЛАС. Растуреното население не се повратило. Селото конечно се распаднало за време на Грчката граѓанска војна, кога зимата 1947 г. грчките монархистички власти принудно го преселиле населението во Фуштани и Кожушани, а по војната жителите се преселиле во Ноти. Во 1956 г. атарот му е припоен кон соседното село Ошин (Архангелос). Според Симовски, иселените жителите и понатаму продолжуваат да ги користат своите имоти.

Денес од селото единствено се зачувани делови од камбанаријата и од црквата „Св. Мина“.Αρχάγγελος.

Наводи

Надворешни врски Народни песни од Лесково и имиња на местата во селото и околината. Во Македонски преглед, 1936 г.

Категорија:Историски села во Меглен Категорија:Гевгелиски села Категорија:Пајак (планина)