Елевтерохори () — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол во областа Централна Македонија, Грција. Создадено е од грчки доселеници во XX век, а денес населението брои 150 жители (2021).
Географија Селото се наоѓа на јужните падини на планината Пајак, 10 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Селото е основано во 1924 г. од Грци доведени од Турција близу некогашното македонско село Железово. За првпат официјално се спомнува следната 1925 г. Во пописот од 1928 г. се води како село од мешан етнички состав, со вкупно 173 жители; од нив 148 (50 семејства) биле дојденци, а 25 лица биле староседелски Македонци, кои веројатно имале врска со Железово. Во пописот 1940 г. во Елевтерохори се заведени 234 жители, од кои сите биле дојденци, што значи дека малубројните Македонци веројатно се иселиле.
Елевтерохори е изгорено од германски единици во 1944 г. за време на Втората светска војна. Неговото население е повторно повлечено зимата 1947 г. во Грчката граѓанска војна, кога властите ги сместиле неговите жители во ниските села. По војните, селото не било обновено во дотогашниот облик, и затоа било отпишано во пописите од 1951 и 1961 г.
Во 1971 г. повторно се јавува како постоечко, но само со 1 жител. Во следниот период, Елевтерохори почнало полека да се обновува појужно, во пониските делови. Така во 1981 г. се попишани 15, а во 1991 г. 27 жители. Пописот од 2001 г. бележи значаен пораст на 93 жители, што значи дека имало доселување од околината. Во следните години населението се удвоило, така што во 2011 г. Елевтерохори имало 183 жители.
Население
Наводи
Категорија:Постол