Поп-фолк (исто така чалга) или фолк-поп, е музички правец кој се развил во Србија во 2000-итите, на кој најголемо влијание имал турбо-фолк — доминантен музички правец во деведесеттите години. Поп-фолк е поточно варијанта на турбо-фолкот, но со поголемото влијание на поп и електронската музика. Настанал со постепеното напуштање на турбо-фолк звукот и тема, со сè поголемо следење на музичките текови на Запад.
Преглед Основачот на поп-фолкот во Србија била Индира Радиќ, која за албумот Змај од 2004 година ги отпејала песните во кои се чувствувало големо влијание на поп-музиката. Така таа воедно била и прва која го прекинала снимањето на турбо-фолк песните. Некои од популарните пејачки денеска негираат дека некогаш пееле новокомпонирана музика, додека некои турбо-фолк ѕвезди себеси упорно се котираат како поп-фолк пејачи. Самиот поп-фолк и во Србија сè уште се критикува и омаловажува, намерно или ненамерно се категоризира како турбо-фолк, а синдромот „ги мразам народњаците“ постои веќе две децении. thumb|right|200п|Најпопуларната српска поп-фолк пејачка, Светлана Ражнатовиќ, на концерт во Ушќе во 2006 година
Од другата страна, популарноста на поп-фолк изведувачите не опаѓа. Некогаш најголемите ѕвезди на поп-фолкот, релативно сè уште се популарни. Концертите на Светлана Ражнатовиќ се помеѓу најпосетуваните на Балкан. Аца Лукас успева со години наназад со почетокот на ноември да одржува многу посетувани концерти во белградскоата Арена. Лепа Брена ужива во статусот на музичката легенда во бивша Југославија, додека Индира Радиќ, најтиражната пејачка во 2004 и 2005 година, посебно популарна во Хрватска, Бугарија и во српската дијаспора. Контроверзната Јелена Карлеуша често е во центрот на медиското внимание заради својата борба против дискриминацијата на ЛГБТ личности и кавги со Светлана Ражнатовиќ. Нарочно се популарни Сека Алексиќ, Дара Бубамара, Вики Миљковиќ, Стоја и Ацо Пејовиќ. Од друга страна, голема популација на некогаш најголемите Грандови ѕвезди Тања Савиќ и Славица Ќуктераш значајно опаднала, додека Драгана Мирковиќ, една од најголемите музичкии ѕвезди во бившата Југославија, ужива во подеднаквата наклоност на публиката како и пред дваесет години, што резултирало на распродадените билети за концертот во Белградската арена во 2014 година.
Претставниците на поп-фолкот на новите генерации се Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Катарина Живковиќ, Катарина Грујиќ, Миа Борисављевиќ, Немања Стевановиќ, Милан Станковиќ, Рада Манојловиќ, Сандра Африка, групата Министарке и други.
Наводи
Категорија:Поп-музика Категорија:Фолк музика Категорија:Музички жанрови