Мирослава Микица Трујкановиќ (родена во 1975 година, Бор, Србија) - македонски ликовен уметник.
Животопис Родена во Бор, Србија во 1975. Дипломира во 1999 г. каде што во 2005 г. и магистрира, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член на ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) од 1999 г. Самостојни изложби има одржано во Скопје, Виена, Истанбул, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Неготино и повеќе од сто групни излагања во земјата и надвор од неа, САД, Австрија, Франција, Италија, Велс, Тунис, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Кипар, Бугарија, Египет, Полска, Обединети Арапски Емирати, Јордан. Студиски патувања во Нирнберг, Виена, Париз и учествувано на повеќе од 35 Интернационални ликовни колонии и симпозиуми. Добитник на неколку награди.
Живее во Скопје.
Од 2009 г. работи како професор во Државното средно училиште за применета уметност и дизајн ’’Лазар Личеноски’’.Интервју, Нова Македонија
Награди и признанија 1999, „Никола Мартиновски“;, Награда на 25-тата јубилејна изложба на ДЛУМ – Цртеж, НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје 2000, Прва награда на изложбата „Жена, симбол, инспирација“;, Галерија „KO-РA“, Скопје 2000, Втора награда на СИАБ – Студентско Интернационално Арт Биенале, Mузеј на Град Скопје 2000, „Петар Мазев“; Награда за сликарство на 47-та ревијална изложба на ДЛУМ, Музеј на Град Скопје 2004, „Димитар Кондовски“, Награда за сликарство на 51-вата ревијална изложба на ДЛУМ, Музеј на Град Скопје 2006, Награда за сликарство на „Меѓународниот сликарски ех-темпоре“, Месна галерија Пиран, Словенија 2008, „Гран-при“ на XII Зимски салон на ДЛУМ, Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар, „Maла станица“ 2008, Награда за најдобро дело од Национална галерија на Македонија на XII Зимски салон, Мултимедијален центар, „Maла станица“ 2014, „Никола Иванов Балтон“ , Награда за сликарство на јубилејната 60-та Ревијална изложба на ДЛУМ, Културно информативен центар 2015, „Лазар Личеноски“, Награда за сликарство на 62 -рата Ревијална изложба на ДЛУМ, Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар, „Maла станица“.
Наводи
Категорија:Македонски сликари