Балџа или Сиври Тепе (, ; од - „остар рид“; , Балѕа, Γούργουρας, Гургурас) — низок планински венец во Солунско, Егејска Македонија, со најголема висина од 561 м. Претставува северен продолжеток на планината Хортач.
Во османлиско време планината се нарекувала и Карадакли, наспроти Карадаг (планината Круша), која се смета за нејзин продолжеток.
Топографија и хидрографија Овој низок венец има правец на протегање југоисток-северозапад, во должина од 12 км. На југоисточниот крај продолжува во Хортач преку превојот Дервент, додека пак на северозападниот завршува кај Горчливото Езеро, на границата со Кукушко. Покрај истоимениот највисок врв, се издвојува и Висок Врв (Ипсили) со надморска височина од 465 м. Највисокиот врв нуди одличен поглед на Солун и Солунскиот Залив.
По Балџа течат бројни потоци, од кои највеќето завршуваат како притоки на реката Галик. На еден од овие потоци има добро зачувана воденица од византиско време.
Врвови + Врвови Име Грчки Висина Местоположба Балџа Κορυφή, Μπάλτζα, Γούργουρας 561 м ИЈИ над Балџа Ендик 493 м ЈИ над Балџа Бујуктепе И над Балџа Странки 362 м С над Даутбал Џумаја 390,3 м ЈЈИ над Џумаја Сивритепе 485,8 м И над Ново Село и З над Даутбал Ќусташ С над Даутбал Арапи 281 м И над Даутбал Чиљак С над Антуполи Јасла С над Антуполи
Населени места Во подножјето на Балџа лежат следниве населени места:
југ: Стар Даутбал (Палеокастро), Нов Даутбал (Ореокастро), Антуполи (Антокипи) запад: Ново Село (Неохоруда), Градобор (Пендалофос) север: Нареш (Неја Филаделфија), Џумаја (Месео), Даутли (Монолофо) исток: Балџа (Мелисохори), Ајватово (Лити)
Поврзано Хортач Круша
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Солун (округ)