Владимир Јачев (, ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис Владимир Јачев е роден на 24 јануари 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин, а во 2010 година магистрирал на истиот факултет во областа на театрологијата. Вработен е во Македонскиот народен театар од 1994 година.„Владимир Јачев “. Македонски народен театар.

Театрографија Александар Македонски — „Крик“ од Блаже Минески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1992. Либен — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992; Корифеј, Мајстор за оружје — „Мир“ од Жан Батист Молиер, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1993; Топук — „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994; Павел Иванович Чичиков — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994; Жолта Евреина — „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995; Стенли Вебер — „Роденден“ од Харолд Пинтер, р. Васил Христов, МНТ, 1995; Роби — „Шопинг енд факинг“ од Марк Рејвенхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998; Виктор Дебисон — „Мисија“ од Хајнер Милер, р. Кристијан Ристевски, МНТ, 1998; Тиресеј — „Антигона во техноленд“ од Софокле, р. Галин Стоев, МНТ, 1999; Столе — „Гроф Миливој“ од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ, 2001; Расим — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001; Витез Дансен — „Опасни врски“ од Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, р. Љупчо Ѓорѓиевски, МНТ, 2002; Владиката Григориј, Поручник Симоновиќ — „Белите коњи“ од Петре Бакевски, р. Виолета Џолева, МНТ, 2003; Хамлет — „Хамлет во транзиција“ од Светислав Басара, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2004; Џој Хајнс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004; Шестиот — „Слепци“ од Морис Метерлинк, р. Томи Јенежич, МНТ, 2005; Рагби — „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, р. Бранко Ставрев, МНТ, 2007; Ричард — „Среќните денови на љубовникот“ од Семјуел Бекет и Харолд Пинтер, р. Нелко Нелковски, МНТ, 2007; Лазар — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2009; Мажот — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009; Патрокло (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар; „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ, 2012; Новеченто — „Приказна за пијанистот на океанот – Новеченто“, МНТ, монодрама, 2013; Варда Склир — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013; Клеант — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016; Трпе — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016; Хари Брајт — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017.

Филмографија Полицаецот — „Тетовирање“, р. Столе Попов, Мирко продукција, Вардар филм - Скопје, 1991; „Крикот на немиот индијанец“, р. Томислав Алексов, 1993; Алија — „Пред дождот“, р. Милчо Манчевски, Полиграм, Аим Продакшн, Ное Продакшн и Вардар филм-Скопје, 1994; Ангеле — „Ангели на отпад“ , р. Димитрие Османли, ТФРЗ Пегаз - Скопје и Чаплајн филм - Софија, 1995; Полицаецот Перо — „Џипси меџик“, р. Столе Попов, Вардар филм-Скопје, 1997; Миле - "Народен пратеник", р. Димитрие Османли, Вардар филм-Скопје, 2001; Спасе — „Прашина“, р. Милчо Манчевски, 2001; Таткото — „Бубачки“, р. Игор Иванов – Изи, Сектор филм - Скопје, 2003; Инспектор — „Големата вода“, р. Иво Трајков, 2004; Игнатие — „Стрмоглави“, р. Маја Младеновска, ТВ-филм, 2006; Шишкин — „Сенки“, р. Милчо Манчевски, 2007; „Сам и заедно“, р. Арон и Дерек Џонс, 2008; Коле — „Мајки“, р. Милчо Манчевски, 2010; Селанец - До балчак, р. Столе Попов, 2014. Јаков Росман — „Ослободување на Скопје“, р. Данило и Раде Шербеџија, 2016.

Телевизиски серии Арамијата - Во светот на бајките, МТВ1, 1999. "Седум приказни, за љубовта и свршувањето", 2003. Царот - Македонски народни приказни, ТВ Морис, 2006. Царот - Македонски народни приказни, МТВ, 2014. Тадеј — „Преспав“, ОХО, 2016.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар